ALK 14,198.61 0.29%

GRNT 1,100.00 -2.91%

KMB 7,946.79 0.59%

MPT 72,503.39

RMDEN18 99.50

RMDEN19 99.70

SLAV 3,011.00 -3.00%

STB 1,191.43 -0.63%

TEL 327.00 -0.30%

TNB 19,563.48 2.97%

страна.мк

5:01 PM 5/9/2021 Времето во Скопје: 3°C

Петпати побрза постапка: Нов 3Д скенер за пациенти со кардиоваскуларни болести

страна.мк

04/05/2021

Петпати побрза постапка: Нов 3Д скенер за пациенти со кардиоваскуларни болести

Националната здравствена служба на Англија најави воведување најнова, револуционерна технологија со 3Д скенер за дијагностицирање кардиоваскуларни болести.

Според весникот „Гардијан“, новата технологија ќе ја забрза дијагностичката постапка за пет пати, што е многу важно за пациентите кои ќе бидат целосно дијагностицирани во рок од 20 минути.

Во извештајот се наведува дека во следните три години, повеќе од 100.000 луѓе ќе можат да поминат нова дијагностичка процедура, без употреба на инвазивни методи, како на пример ангиографија.

Воведувањето на нова 3Д дијагностичка технологија е дел од долгорочниот план на Националната здравствена служба на Англија за намалување на бројот на срцеви и мозочни удари во земјата за 150.000.