strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување
МАКЕДОНИЈА

Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување

Објавено February 4, 2025 11:46
strana.mk
Сподели
Сподели

Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување, изјави денеска на прес-конференција, Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

Бешлиовска информираше дека Унијата имала реакции од медицински сестри од целата држава, на кои им биле прекинати договорите за работа на дело. Не им било кажано да не доаѓаат на работа, ќе продолжеле, но, финансиска согласност за јануарската исплата, немало. Говорејќи за слабостите, таа подвлече дека имало примери кога на медицински сестри со високо образование им се забранувало да одат во смени, зашто ќе земеле големи плати со дежурствата.

Бешлиовска апелираше ова конечно системски да биде решено, да нема вработувања со договор на дело, ами редовни вработувања, со оглед на тоа што има дефицит кога е во прашање оваа професија, има одлив на кадри. Притоа, Бешлиовска рече дека некои од медицинските сестри работеле и по повеќе години без здравствено и пензиско осигурување, па биле приморани да бараат работа по бутици и слично.

– Ова е нешто што се провлекува години наназад, системот ги натрупува овие медицински сестри. И минатата година во јуни имавме вакви отпуштања, додаде Бешлиовска.

Изминатиот период, реагирале на слабостите на ангажирање со договор на дело и се загалале за редовно вработување. Но, како што беше кажано, се примале луѓе однадвор, наместо тие кои дотогаш работеле со договор на дело.

Бешлиовска изрази надеж дека ваквите проблеми ќе се надминат.

– Фрапантни се фактите што речиси оставаат без зборови, станува збор за висококвалитетни и стручно-обучени медицински сестри и техничари, кои зад себе имаат и по шест и седум години работно искуство во статус договор на дело, а сѐ до денес биле составен дел од здравствените установи, Општите болници во Прилеп, Битола, Кавадарци, Куманово. Овие колеги, наместо признание и решавање на нивниот статус, остануваат изневерени од здравствените власти, законските недоречености, недомаќинското работење, немањето слух за натрупаните проблеми, како и лицемерните и популистички флоскули и политички додворувања, особено во време на пандемијата со коронавирусот, смета Бешлиовска.

Таа нагласи дека реагираат по којзнае кој пат и апелираат да се надминат проблемите со што се соочуваат медицинските лица.

– Реагираме по којзнае кој пат и апелираме да се престане со поразителната поделба на медицинските сестри и техничари според политичката реторика и опција, поделбите од типот на средни и високи, полова и возрасна поделба, но и тотално неразумната поделба по национална или етничка припадност. Затоа што во нашата професија единствениот фактор што го определува квалитетот се професионализмот и емпатијата. Ништо повеќе и ништо помалку. Ако според сите извештаи, анализи, препораки и параметри, на Македонија ѝ недостасуваат речиси 50 отсто од сегашно-ангажираните медицински сестри и техничари, тогаш и денешните и сите досегашни раскинувања на договори, во најмала рака, изгледаат несериозни, неетички и нехумани. Тие, како такви, треба да бидат поединечно образложени и поткрепени со факти, смета Бешлиовска.

Таа рече дека нивната работа е една од најважните алки во комплетниот здравствен систем и запоставувањето на нејзината вредност, „неминовно ќе доведе до катастрофални последици во здравствениот систем, лош имиџ на земјата пред светот, но и најважно од сѐ – намалување на вредноста на пациентите и значително поскапување на здравствената нега“.

– Стресот и одговорноста во нашата професија се постојани, а дополнителните стресови и долгогодишни нерешени и запоставени проблеми, какви што се законски нерегулираната професија, условите за работа, неприфатените дипломи, слабата финансиска ревалоризација на трудот и така натаму, дополнително ги зголемуваат огорченоста и одливот на овој високо стручен кадар во западноевропските земји. Затоа, апелираме и предупредуваме дека конечно е време за неодложно, сериозно и системско решавање на императивните проблеми во професијата медицинска сестра и медицински техничар, во интерес на сите граѓани на земјата, нагласи Бешлиовска.

Таа се осврна и на нивните барања.

Итно вработување на лицата кои имаат повеќегодишни стажови во здравствените установи, затоа што тие веќе ја покажале и докажале својата неопходност за болниците и пациентите. Да не се нарушува достоинството на нашата хумана професија со произволни и непоткрепени изговори и изјави од кого било. Како Унија со најбројно членство на медицински сестри и техничари во земјава, бараме да бидеме вклучени во сите инстанци и на сите нивоа каде се носат какви било одлуки за медицинските сестри и медицинските техничари. Оваа професија се одбира и се работи затоа што се сакаат животот и добробитта на пациентите. Ако нацијата е богатство на државата, тогаш медицинските сестри се богатство на нацијата. Време е решавањата да бидат системски и систематски во интерес на сите, рече Бешлиовска.

TAGGED:ВработувањеМедицински сестри
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа
Следна статија Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт, праша Лефков

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за…

July 3, 2025
Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025

Четири хороскопски знаци ги очекува огромно богатство до средина на овој месец

Планетарните влијанија во текот на јули…

July 5, 2025

Жешко: Јелена Карлеуша на јахта

Пејачката Јелена Карлеуша  ужива на црногорското…

July 5, 2025

Кој е Томпсон: Беше во брак со Данијела Мартиновиќ, се разведоа со благослов од папата

Марко Перковиќ Томпсон беше во брак со…

July 5, 2025

Преглед на денот на Вимблдон: Синер убедлив, Рибакина испадна

Светскиот рекет број 1, Италијанецот Јаник…

July 5, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски

Вие младите не сте само иднината на оваа држава-вие сте нејзиното најсилно сегашно срце. Вие сте генерацијата што ќе ја…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Снегот нема да ги изненади институциите, вели Ангелов

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска истакна дека државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите со снег. Ваквиот…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Сања Лукаревска со фалсификуван Кембриџ сертификат седум години била директор на УЈП!

Заменик претседателката на опозициската СДСМ, Сања Лукаревска од 2017 година до 2024 година била директорка на Управата за Јавни Приходи…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Паркот „Жена Борец“ во Скопје мета на вандали

Превртени и искршени кулупи и канти за отпад - ваква е сликата во „Жена парк – Борец“, симболот на Скопје во…

February 11, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?