strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Блажевска за Судски совет: Сите да поднесат оставка, и тоа сигурно ќе им биде најсветлата точка во кариерата
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Блажевска за Судски совет: Сите да поднесат оставка, и тоа сигурно ќе им биде најсветлата точка во кариерата
МАКЕДОНИЈА

Блажевска за Судски совет: Сите да поднесат оставка, и тоа сигурно ќе им биде најсветлата точка во кариерата

Објавено February 8, 2025 10:01
strana.mk
Сподели
Сподели

По сите пропусти, скандали и грешки, единственото нешто што треба да го направат е сите да поднесат оставка. И тоа сигурно ќе им биде најсветлата точка во кариерата, пишува Катерина Блажевска во својата полседна колумна. Во продолжение следува целосниот текст на новинарката:

Contents
  • Продолжена агонија
  • Без текнувало

„Како што битката против криминалот почна да фаќа замав, така експресно се активираа дојави за бомби во учлиштата. Ништо не е случајно. Не памтам друг период во кој толку фреквентно стигнувале соопштенија за разни постапки на полицијата и обвинителството. Штом институционалната „мечка“ заигра пред многу врати, расте паниката во криминалните мочуришта.

Веројатно, ништо друго не му останува на подземјето во такви околности, освен да се потруди да ѝ предзивика што поголема дистракција на полицијата, да ѝ отвори работа да трча од едно училиште во друго. Додека полицијата ја проверува сериозноста од заканите, кои се множат како печурки по дожд (над 240), криминалците си купуваат време да се реорганизираат согласно новите околности, да се оддалечат или прикријат во мракот на создаденото „едно подземје за сите.“

Особено се трудат да создадат атмосфера на несигурност во општеството, за да може нивните екстензии во партиските бази потоа да критикуваат дека „ништо не е добро во државата“, а баби, тетки и стрини да се жалат во контактни емисии како со страв ги испраќаат и дочекуваат децата од училиште.

Продолжена агонија

Демонтажата на криминалот не е лесна работа. Особено кога метастази се проширени во институциите, па голем дел енергија во старт се троши да не бидат пробиени акциите. А кога такви кадри одметнати од законот ќе бидат откриени и санкционирани, експресно се активира хорот со песната „се бркаат професионалци, се прави партизација.“

Тие прикаски не поминуваат. Како што не поминува ни прикаската дека сегашниот состав на Судскиот совет ќе направел сè за да ја врати довербата. Тоа е исто како некој со две скршени нозе да ветува дека ќе истрча маратон.

На Судскиот совет му се скршени и двете нозе, а најмногу главата. Ова тело одамна не може да испорача ништо друго, освен продолжена агонија. Павлина Црвенковска, во 2022 година даде оставка од функцијата претседател, обвинувајќи за „хајка против неа од судско-бизнис елитата“.

Ама си остана членка на Советот. Ни таа, ниту Судскиот совет ни збор не кажаа која е таа судско-бизнис елита, што значи дека само ги заметоа проблемите под тепихот.

Низ филтерот претходно им помина и еден Наќе Георгиев, кого го избраа за врховен судија и го креваа во професионални височини, за лани на итна седница да му констатираат престанок на функцијата откако беше осуден на казна затвор од три години поради примање мито.

Со месеци тактизираа со постапката против апелацискиот судија Енвер Беџети, за кој беше утврдено дека 9 месеци го чувал во фиока и не го ставал на одлучување предметот против Мијалков, Таргет -Тврдина.

Зошто? За да не му попречат на корумпираниот да се кандидира и за врховен судија. Истиот Беџети, откако не доби поддршка од Советот за таа функција, практично го урна конкурсот, бидејќи членовите Албанци во Судскиот совет потоа не гласаа за кандидатите Македонци.

А кога претседателката на Советот, Весна Дамева, се обиде да го стави постапувањето на Беџети на дневен ред – ѝ приредија пуч. Ја разрешија незаконски. Јавноста гласно бараше оставки од сите членови, ама не ги доби. Дамева доби на Управен суд и се врати на претседателското столче.

Беџети дојде на дневен ред подоцна и си помина само со казна намалување на 20 проценти од платата за период од шест месеци. Од Судскиот совет толку. Единствената сатисфакција дојде од другата страна на океанот – Беџети беше ставен на црната листа на САД.

Без текнувало

Судскиот совет и не разбра каква шлаканица е тоа за ова тело. Затоа и натаму лефтерно зборуваат само за формата, а не за суштината на проблемите. Откако почнаа да се спомнуваат иницијативи за разрешување на членови на ова тело, новиот претседател на Советот, Александар Камбовски, цел месец повторува една иста реченица – дека нивно разрешување е предвидено единствено во Законот за Судскиот совет.

Само кога им се во прашање функциите, тогаш најцврсто се приврзани кон законот. За сè друго, речникот им е прилично флегматичен – „па видете, ова може да се толкува и така и вака“, „ќе видиме“, „да не избрзуваме, да причекаме.“
Добро, законот им е закрила за функциите, но што решава тоа? Ако членовите на Судскиот совет драматично ја изгубија довербата во јавноста, брукајќи се постојано во заплети какви што нема ни во шпанските сапунци, тогаш на кого му служи ова тело, освен на нивните суети?

Ако навистина имаа интегритет и професионален морал, како што самите за себе велат, не требаше ни да дочекаат да биде поднесена интерпелација за оние членови што се избрани од Собранието, на предлог на претседателот.

По сите пропусти, скандали и грешки, единственото нешто што треба да го направат е сите да поднесат оставка. И тоа сигурно ќе им биде најсветлата точка во кариерата.“ заклучува Блажевска во својата последна колумна.

TAGGED:Катерина Блажевскасудски совет
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Таткото на Фросина до родителите на Васил: „Изразувате сочувство по 9 дена, немате вистинско каење, создадовте убиец“
Следна статија Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

Бугарски професор до македонските камионџии: Станете бугарски државјани, ништо нема да изгубите

Бугарскиот професор и академик Спас Ташев…

January 27, 2026

Софија Куновска: Конгресот на СДСМ беше театар на апсурдот без смисла и катарза

Актерката и поранешна функционерка на СДСМ,…

January 26, 2026

(ВИДЕО)Енергетиката и долгорочниот развој на државата во фокусот на говорот на премиерот Мицкоски во Давос

Македонија ги зајакнува преносните линии за…

January 23, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги

За само шест месеци успеавме да оспособиме 8 активни локомотиви за карго превоз и 6 патнички возови. Претходно имаше нула…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски- Калас: Потреба ЕУ да го забрза процесот- Македонија заслужува да оди напред во интеграциите

Премиерот Христијан Мицкоски во Брисел оствари средба со еврокомесарката за надворешни работи, Каја Калас. -Во Брисел имав средба со еврокомесарката…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Градоначалникот на Кочани глумејќи инспектор ја оцрнува нашата стручност

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија прва во регионот добива 52,2 милиони од планот за раст на ЕУ

Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и…

March 24, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?