strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Блумберг: Израелските удари на иранските нафтени постројки ќе предизвика глобална криза
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Блумберг: Израелските удари на иранските нафтени постројки ќе предизвика глобална криза
СВЕТ

Блумберг: Израелските удари на иранските нафтени постројки ќе предизвика глобална криза

Објавено October 3, 2024 19:03
Strana
Сподели
Сподели

Ударите на иранските нафтени постројки може да предизвикаат голема економска штета на Техеран, исто така, може да доведе до огромно зголемување на цената на нафтата на светскиот пазар.

Во вторникот, преку својот премиер Бенјамин Нетанјаху, Израел се закани со силен напад врз Иран како одговор на лансирањето на десетици ракети на неколку израелски локации, па се очекува потенцијална цел да бидат наоѓалиштата за нафта и гас во Иран, таргетирање што би предизвикало глобална енергетска криза да започне со драстично зголемување на цените на енергијата.

Блумберг објави дека иако ударите врз иранските нафтени постројки може да предизвикаат голема економска штета на Техеран, тоа може да доведе до огромно зголемување на цената на нафтата на светскиот пазар, што може да има широки економски последици.

Додека огромната нафтена инфраструктура на Иран, која вклучува огромни нафтени полиња, цевководи, извозни терминали и рафинерии, го прави примамлива цел за израелските напади, експертите предупредуваат дека потегот може да има спротивен резултат.

Иранската нафтена индустрија е основата на неговата економија. И покрај санкциите што му ги воведоа САД и другите западни сили, Иран сè уште извезува меѓу половина и две третини од својата нафта, а најголемиот дел од таа нафта завршува во Кина.

Кинескиот увоз на иранска нафта постојано расте во последните години, достигнувајќи околу 1,8 милиони барели дневно. Ова значи дека секое нарушување на извозот на нафта од Иран значително ќе влијае на економијата на Техеран, како и на штета на економијата на Кина (втората по големина економија во светот), а со тоа и на глобалната економија.

Аналитичарите предупредуваат дека успешното бомбардирање на иранските капацитети за производство и извоз на нафта може дополнително да ги зголеми цените, што може да ја дестабилизира глобалната економија.

Блумберг истакнува дека намалувањето на иранските испораки на нафта ќе ги принуди кинеските рафинери да ги зголемат набавките од други големи добавувачи, вклучително и Русија. Оваа промена може да обезбеди поголема финансиска поддршка за руските воени напори во Украина, дополнително комплицирајќи ја пошироката геополитичка ситуација.

Воените аналитичари предупредуваат дека секој израелски напад од овој тип може да предизвика иранска одмазда и дополнителна ескалација во регионот. Израелските лидери се соочуваат со притисок да постигнат рамнотежа помеѓу нивната желба да го ослабат Иран и потребата да се избегне влегување во бесконечен циклус на насилство.

Израел треба внимателно да ги разгледа пошироките последици од таквите напади“, изјави за Блумберг воен аналитичар. Тој додаде: „Иако таргетирањето на иранската нафтена индустрија може да го ослабне Техеран, зголемувањето на цените на енергијата и економските последици може да предизвикаат посилен одговор од Иран“.

Овие предизвици доаѓаат во време кога некои аналитичари предвидуваат дека цената на нафтата би можела да падне во 2025 година поради вишокот на понуда, но секоја воена акција против нафтената инфраструктура на Иран може да ја промени оваа насока.

TAGGED:израелиран
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Следна статија Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението…

July 19, 2025
Андовски: Во болницата во Кавадарци донирани опрема и медицински материјали од ОМД

Во болницата во Кавадарци се донирани опрема, апаратура и медицински материјали од…

July 18, 2025

Овие хороскопски знаци мислат само на себе

Иако сите хороскопски знаци имаат свои…

July 19, 2025

Агресија на секој чекор: Полицаец бил нападнат на Средно Водно

Полициски службеник бил физички нападнат ноќеска…

July 19, 2025

Секој петти граѓанин на Србија е во ризик од сиромаштија

Речиси 40 проценти од српските граѓани…

July 19, 2025

Милионер тајно се оженил со жена 25 години помлада и починал ден потоа: Вдовицата го наследила целото богатство

Смртта на 75-годишниот милионер земјоделец Џозеф…

July 19, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Европскиот парламент и спрема интерпелација на Фон дер Лајен поради скандалот со вакцините

Гласање за доверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е закажано за следната недела, а лидерот на…

July 3, 2025
СВЕТ

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп заради замрзнатите средства за универзитетот

Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп во обид да ја спречи владата да замрзне повеќе од две…

April 22, 2025
СВЕТ

Украина се согласи да ги даде и минералите

Украина е подготвена да потпише договор за минерали со Соединетите Американски Држави, но Вашингтон сè уште не ги утврдил условите,…

March 14, 2025
СВЕТ

(ФОТО)Протести против Маск ширум светот

Илјадници луѓе ширум светот вчера се одѕваа на повикот на Движењето „Да ја собориме Тесла“ (Tesla Takedown) и протестираа пред…

March 30, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?