Младен Паповиќ, в.д директор на ЈГСП „Нови Сад“, денеска е уапсен како дел од криминална група позната како „Балкански картел“, која е осомничена за шверц на кокаин, јавија српските медиуми.
Во акцијата на МУП и Јавното обвинителство за организиран криминал денеска се уапсени осум лица кои се осомничени дека се вмешани во шверц на кокаин на меѓународен план како организатори и членови на организираната криминална група „Балкански картел“.
„Во оваа меѓународна операција која резултираше со разбивање на една од најголемите балкански организации за трговија со дрога, уапсени се вкупно девет лица во Србија, БиХ и Еквадор, а по организаторите се трага, соопшти српската полиција.