Манекенката Адријана Лима прошета на модната писта на модната недела во Париз облечена во модел на „Schiaparelli“.
Кога се појави воодушеви многумина, а за својот изглед доби и бројни комплименти.
Ова беше нејзина прва прошетка по модната писта по нејзиното последно шоу како ангелот на Викторија пред шест години, кога се расплака на пистата.
Многубројните обожаватели во коментарите и порачаа дека изгледа одлично, и дека дефинитивно не треба уште да се откаже од манекенството.