Што се случува кога највисоката жена на светот ќе ја сретне најниската? Румејса Гелги од Турција и Јоти Амге од Индија неодамна се сретнаа, а нивната средба е овековечена во видео објавено на Гинисовата книга на рекорди.
Румејса Гелги (27), адвокатка, истражувач и веб развивач од Турција, е висока 2,15 метри и ја носи титулата за највисока жена во светот. Од друга страна, Џоти Амге (30), актерка од Индија која е висока само 63 сантиметри, е позната како најниската жена на светот. Иако ги дели голема висинска разлика, тие брзо сфатија дека имаат многу заедничко.
„Беше прекрасно да се запознаам со највисоката жена на светот“, рече Јоти „Таа е многу љубезна и јас се чувствувам навистина удобно во нејзино друштво уживаме во грижата за себе, се шминкаме, ги средуваме ноктите и носиме накит“.
Ретки синдроми кои ги издвојуваат
Румеса Гелги живее со реткиот Вивер синдром, поради кој телото брзо расте. Овој синдром е три пати почест кај мажите отколку кај жените. Најчесто користи инвалидска количка, но со помош може да оди на кратки растојанија.
Од друга страна, Џиоти Амге страда од форма на џуџест раст и нејзината приказна е снимена во документарниот филм „Body Shock: Two Foot Tall Teen“. Таа се појави и во индиското реално шоу „Big Boss 6“ и популарната американска серија „American Horror Story: Freak Show“.