Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски блесна во малото каталонско дерби. Во победата на Еспањол од 4-1, Миовсски учествуваше со една асистенција и два гола.
Тандемот Брајан Хил-Бојан Миовски го уништи Еспањол за само 22 минути.
Македонскиот репрезентативец му асиситраше на Хил во четвртата минута за првиот гол. Потоа Хил му се реваншира со две асистенции во 16. и 22.минута.
Ова се првите голови за Миовски во Примера, откако летово пристигна во Џирона од Абердин во трансфер вреден осум милиони евра.
Пред репрезентативната пауза Миовски постигна два гола за Џирона против Екстрамадура во Купот на Кралот.
ТУКА можете да ги погледнете головите и асистенцијата.