Девојката, која го обвини Џеј Зи дека ја силувал во 2000 година, излезе со нови детали. Имено, како што изјави за NBC News, има некои нелогичности во нејзиното сеќавање на настаните од афтержурката на доделувањето на MTV Video Music Awards.
“Направив некои грешки додека се сеќавав на таа ноќ. Најјасно е што ми се случи, лицата не ми се толку јасни. Можеби некои погрешно идентификував”, рекла неименуваната жена, која во моментот на нападот имала 13 години. И покрај тоа, таа нагласи дека се уште стои зад своите обвинувања.
Според извештаите, пријател ја возел од Рочестер, Њујорк до Менхетен, возење што траело околу 5 часа. По пристигнувањето на Менхетен, таа рече дека налетала на возачот на Диди, кој рекол дека таа е „токму она што Диди го барал“.
„Мислев дека тој само мислеше дека сум убава“, рекла неименуваната мајка од Алабама. Таа тврди дека ја донеле во бела куќа каде, како што вели, разговарала со музичарот Бенџи Маден од групата Good Charlotte и неговиот брат. Нивниот претставник, сепак, рече дека браќата во тоа време биле на турнеја.
Во тужбата жената рекла дека од бензинската пумпа се јавила на нејзиниот татко, кој ја земал и ја однел дома. Но, нејзиниот татко тврди дека воопшто не се сеќава дека отишол да ја земе, додека таа вели дека татко ѝ тешко се сеќава на настани од тој период.
„Има многу работи и тоа е нешто за што секогаш се караме, нешто што тој го правел или кажал во Њујорк во тој период на што не се сеќава. Тоа всушност предизвикува многу расправии во домаќинството“, истакна жената.
Адвокатот Тони Базби во поднесената тужба рече дека тужителот се согласил и на тест за детектор на лаги за време на сослушувањето. „Ова беше исклучително стресно за неа, до тој степен што имаше напади и мораше да побара лекарска помош поради стресот“, рече Базби.
Потсетуваме, во тужбата жената изјавила дека по пристигнувањето на забавата испила пијалок од кој ѝ се вртело. Таа отишла да се одмори во друга соба, во која набрзо ѝ се придружиле Џеј Зи, Диди и една славна личност. Музичарите наводно ја силувале еден по друг, додека славната жена гледала.
Набргу потоа, беше објавен скриншот од веста дека Џеј Зи е обвинет за силување, што наводно не ѝ се допаднало на мајката на Бијонсе, Тина Ноулс. Таа, пак, рече дека тоа не е вистина и дека била хакирана. Еден ден подоцна, таа им се придружи на Бијонсе, Џеј Зи и нивната ќерка Блу Ајви на премиерата на Mufasa: The Lion King. Блу Ајви го позајми гласот на Киара, ќерката на Симба и Нала, додека Бијонсе на Нала.