strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Влатко Ѓорчев: Секој денар од мојот имот има документирано потекло
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Влатко Ѓорчев: Секој денар од мојот имот има документирано потекло
ПОЛИТИКА

Влатко Ѓорчев: Секој денар од мојот имот има документирано потекло

Објавено October 5, 2024 18:18
strana.mk
Сподели
Сподели

За секој денар од мојата имотна состојба имам пријавено и документирано потекло на имот. Целосен увид во мојот имот имаа властите и сите институции во Македонија во изминативе 7 години (2017 – 2024), вели во обраќањето до медиумите Влатко Ѓорчев, поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ, сега национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси.

Во писмото Ѓорчев вели:

Целиот мој имот е детално пријавен, со законски и документирани трансакции, без било какви забелешки или спорни моменти.

Секоја поголема трансакција во платниот промет во Македонија се бележи од повеќе државни институции, со протоколи, кои детално го следат потеклото и трансферот на средствата. Неколку објаснувања:

Село Трстеник, Св. Николе:

Земјиште и ниви кои се повеќе од 100 години во моето семејство од дедо, прадедо и чукун дедо.

Карабина без фасада која татко ми ја изградил пред речиси 30 години. Изградбата сопре пред речиси 30 години поради специфични имотно – правни причини во поширокото семејство.

Имот во Керамидница – Скопје:

Купен од дедо ми околу 1955-та година, пред 70 години. Потомците, наследниците и братучедите треба да ја завршат поделбата на имотот на дедо ми, кој почина пред 21 година.

Стан во Аеродром:

Купен пред речиси 30 години, кога јас сум имал 7 (седум) години. Татко ми и мајка ми двајцата работеа како доктори во Ирак (1983 – 1985) за да заработат за станот во Аеродром.

Тие работеа таму за време на огромната војна меѓу Ирак и Иран (1980 – 1988), со 500.000 убиени луѓе, со тревоги за опасност од авиони и проектили. Затоа платите беа високи и моите родители можеа да заработат за станот во Аеродром.

После разводот на моите мајка и татко, станот требаше да се подели меѓу нив, а тоа не беше физички возможно. Затоа родителите во 2008 година се спогодија да го подарат станот на мене, за да се избегне продажба на станот.

Куќа во Бардовци:

Купена во 2012 година откако мојата сопруга доби наследство од починати баба и дедо. Сите средства поминаа низ темелни процедури за наследство, преку банкарски трансфери, со контрола на институциите и банките од Канада, САД и Македонија.

Во 2012 година УЈП Скопје покрена и заврши детална, темелна и повеќемесечна постапка за потеклото на мојот имот. За секој денар имав покритие и документи. УЈП Скопје после повеќе детални проверки професионално ја заврши постапката, со издаден документ од УЈП Скопје дека нема ништо спорно.

Улица – пат во Бардовци:

Деветнаесет (19) комшии сме формални “сопственици” на заеднички пат – јавна улица. Тоа е јавна површина, а фактички улицата ја користи цело село, таков е патот.

Кога други луѓе ги правеле куќите и улицата пред 20 години, така било запишано во катастар.

Вредоста на ова земјиште е 0 (нула) денари затоа што по таа тесна улица (3 метри ширина) секој може слободно да оди и вози. Никој не може ништо да гради.

Акции:

Законски купени преку банките во Македонија, со докажано потекло на средствата кои се наследство од татко ми, средства од мојата мајка, бабата и дедото на мојата сопруга и моја заштеда во изминативе 20 години.

Наследството од бабата и дедото на мојата сопруга е дојдено преку банки и законски процедури за наследство во САД, Канада и Македонија.

Мојот покоен татко Анѓелко (1948 – 2021) живееше 72 години, од кои работеше 46 години како доктор и професор. Имаше речиси 40 години стаж на клиника, 30 години доцент и универзитетски професор и 6 години со регистрирана работа во приватна болница откако се пензионираше.

Вкупно 72 години живот и 46 години работа. Работеше до последниот ден од својот живот.

Во 1980-тите години татко ми имаше приходи и повремена работа во болници во Франција (1986 година), како и работа во Ирак (1983 – 1985), заедно со мојата мајка како докторка, во време кога фирми од СФРЈ градеа огромни проекти во странство, кои чинеа милијарди долари.

Мојот татко беше во тим на врвни доктори од СФРЈ и имаше храброст да работи во ризична земја во време на голема војна, заедно со сопругата. Имаше висока функција во болницата и тоа значеше дополнителен приход.

Во 1990-тите години имаше приходи, предавања и повремени ангажмани во САД, Дубаи, Абу Даби, Кувајт и во поранешна Југославија. Наместо да оди на годишен одмор, тој одеше да работи.

Одби поголем број на конкретни понуди да се пресели и трајно да работи во болници во Сан Франциско, Сиетл, Мајами, Лондон, Париз, Лион, Љубљана, Кувајт, Катар, Женева и Цирих.

Во текот на целата кариера имаше приходи од предавања и проекти со универзитети, болници и компании од Германија, Швајцарија, Велика Британија итн.

Мојата мајка (74) има 35 години работен стаж како анестезиолог, од кои речиси 10 години како анестезиолог – специјалист во хируршки сали во Хрватска.

Акциите се купени по значително помала цена од сегашната, а во меѓувреме акциите имаат раст поради растот на компаниите.

Автомобил Фолксваген:

Возилото е старо 13 години. Купено е како половно возило.

Половното возило Фолксваген е документирано купено од родителите на мојата сопруга во 2013 година, еден месец пред да се роди нашето 3-то дете.

Пред купувањето на половниот Фолксваген, во нашето семејство имавме единствено Фиат Пунто, кое го продадов после 16 години користење во 2023 година.

Возилото Фолксваген има место за 2 родители и 5 мали седишта позади за децата. Родителите на сопругата ни купија половен Фолксваген затоа што знаеја дека планираме да имаме 4 деца. Моментално вреди околу 8.000 евра.

Автомобил Фиат 500 Х:

Наследено од мојот татко откако почина. Возилото во моментов е старо 9 години и вреди околу 8.000 евра.

Сумарно:

За секој денар од мојот имот имам документирано потекло. Целиот живот сум чесен, без скандали и афери зад себе.

Целиот живот го имам поминато во Македонија, со чист образ.

Никогаш не сакам од мене да се срамат моите родители, моето семејство и моите деца. Така се однесувам и така живеам, вели Ѓорчев во обраќањето до јавноста.

TAGGED:Влатко ѓорчев
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ДПИ најавува строги казни
Следна статија „Дом за млади – купи куќа за младите“ и поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за…

July 3, 2025
Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025

Четири хороскопски знаци ги очекува огромно богатство до средина на овој месец

Планетарните влијанија во текот на јули…

July 5, 2025

Жешко: Јелена Карлеуша на јахта

Пејачката Јелена Карлеуша  ужива на црногорското…

July 5, 2025

Кој е Томпсон: Беше во брак со Данијела Мартиновиќ, се разведоа со благослов од папата

Марко Перковиќ Томпсон беше во брак со…

July 5, 2025

Преглед на денот на Вимблдон: Синер убедлив, Рибакина испадна

Светскиот рекет број 1, Италијанецот Јаник…

July 5, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

СДСМ: Поради притисок од власта ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани

Родителите на починатите и повредените деца од Кочани јавно ги посочуваат виновниците во институциите, но поради политички притисок од власта…

June 1, 2025
ПОЛИТИКА

Фетаи: Од 50 функционери на АА во Владата само тројца поднесоа оставки, сите други продолжуваат да ги извршуваат работите! АА е дел на Владата

„Од 50 функционери на АА во Владата, само тројца поднесоа оставки, сите други продолжуваат да ги извршуваат своите функции! АА…

May 20, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио. Вчера кажавме дека…

June 21, 2025
ПОЛИТИКА

Продолжува расколот во СДСМ – Галетановски до Фрчкоски: Седи раат троши си ги парите

По гостувањето на поранешниот амбасадор и поранешен висок функционер, Љубомир Фрчкоски, во поткастот На кавга кај Иван, неговите сопартијци со…

July 4, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?