strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Во Македонија има патентирано изум кој за 15 минути растерува магла и го намалува загадувањето, но 24 години некој го држи во фиока
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Македонија има патентирано изум кој за 15 минути растерува магла и го намалува загадувањето, но 24 години некој го држи во фиока
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија има патентирано изум кој за 15 минути растерува магла и го намалува загадувањето, но 24 години некој го држи во фиока

Објавено November 14, 2024 10:59
strana.mk
Сподели
Сподели

Мал број на граѓани се сеќаваат дека во Македонија има изум кој за 15 минути растерува магла но од неразбирливи причини веќе 24 години седи во нечија фиока и никако да го види светлото на денот. Се работи за патент на тројца македонски иноватори, др. Стефан Стефанов, др. Владо Спиридонов и Чало Чаловски, кој за 10 до 15 минути може целосно да ја растера маглата, веќе со години е заборавен низ фиоките на државата.

Оваа иновација Министерството за економија ја прогласи во 2000 година за Патент на годината, а работата на тројцата македонски иноватори истата година освои златна медалка ЕУРЕКА во Брисел, за две години подоцна да добие и Гранд при во Будимпешта. И покрај сите овие признанија, растерувачот на магла, кој повеќе пати успешно е тестиран, остана заборавен, иако Скопје и останатите градови, посебно во периодот кога настапи зимата, се гушат во магла и смог.

Еден од иноваторите др. Стефан Стефановски, кој веќе долги години е во пензија, пред неколку години во интервју ќе кажа дека добивката од оваа алатка за растерување магла би било и намалување на аерозагадувањето, а тоа значи почист воздух.

Нивниот изум е едноставен и не толку скап, а работи на принцип распрскување течен CO2 кој ја менува агрегатната состојба на маглата, односно ја кристализира и спушта на земја.

Оваа алатка може да се постави на возила и со неа да се третираат поголеми градски површини, а може да работи и како стационарен уред. При создавање на патентот, тројцата иноватори тој уред го поставија на возило и со него „обработија“ цела десна страна на реката Вардар во Скопје, а маглата беше растерана за десетина минути.

За да би биле целосно сигурни во ефикасноста на својот патент, тие го тестирале во рудникот Суводол, во Рударско-енергетскиот комбинат во Битола, а последен пат во 2002 година на скопскиот аеродром. Резултатите секаде биле исти.Маглата исчезнала во многу краток рок и тоа во радиус од дури 1,5 километри од местото на праскање.

И покрај тоа, државните институции не беа заинтересирани за примена на овој патент, а сега во правец на намалување на загаденоста се преземаат мерки кои не се олку ефикасни, барем не можат веднаш да придонесат за чист воздух. Македонија важи за една од најзагадените земји во Европа, а Скопје е редовно помеѓу првите десет места по загаденост на воздухот.

TAGGED:загадување
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Избил пожар во единствената градинка во Железара „Детска радост“ – „Калинка“, причината е болјерот во кујната
Следна статија Тошковски за случајот „Штекли“: Одлучно и сурово ќе одговориме. Нема да се мижи како што се мижело претходно

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

January 29, 2026

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Во следните денови посвежо време со пороен дожд и грмежи

Времето во следните денови ќе биде посвежи и променливо облачно со повремен локален дожд, соопштуваат од УХМР. Утре и во…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Oбраќање на премиерот Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција.

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Бонџино објави репортажа за тоа како УСАИД и Сорос ја финансираа мигрантската криза и Шарената револуција во Македонија

Еден од водечките американски политички коментатори, Ден Бонџино, на својата интернет страница објави текст за злоупотребите на програмите на УСАИД за…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мечка се прошета низ село во Ранковце, но не смее да се убива, предупредија од ловното здружение

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“…

November 14, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?