Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави дека рокот за поднесување е до 27 – ми јануари 2025 година.
До денес, од вкупно 41.531 очекувани ДДВ – 04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1% од вкупниот број. Остануваат уште 35.278 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите денови.
Апелираме да бидете одговорни даночни обврзници и да ги доставите сите потребни документи до вашите сметководители, со цел навремено и точно да се обработат вашите ДДВ -04 пријави за овој даночен период.
Не го одложувајте процесот! Поднесете ги вашите ДДВ – 04 пријави на време и бидете пример за одговорни даночни обврзници, информираат од УЈП.
За дополнителни информации или поддршка, може да се обратите во Контакт центарот на:
- e-пошта: info@ujp.gov.mk
- Телефонски броеви:
📞 Од фиксна линија: 0800 33 000
📞 Од мобилен телефон: 02 3253 200