Компанијата Бош поради кризата во автомобилската индустрија ќе укине околу 5.550 работни места, од кои 3.800 се во Германија, соопшти денеска портпаролката на компанијата, наведувајќи дека „потребата од прилагодување“ на бројот на работни места е поголема од претходно очекуваното.
Се уште не се знае точниот број на луѓе кои ќе останат без работа и ќе бидат предмет на дополнителни преговори, пренесува економскиот портал Wirschaftsvohe.
Отпуштањата особено тешко ќе го погодат софтверскиот сектор одговорен за автоматизација на возењето и системите за помош.
До крајот на 2027 година, Bosch ќе укине 3.500 работни места ширум светот, од кои приближно половина се во Германија. Покрај тоа, околу 750 работни места ќе бидат укинати во фабриката во Хилдесхајм, каде што Bosch произведува компоненти неопходни за електрификација на транспортот.
Компанијата Бош, позната како важен снабдувач на производи за автомобилската индустрија, наведува дека кратењето на работните места е последица на кризата во овој сектор.
Глобалното производство на возила ќе стагнира на околу 93 милиони единици оваа година, а можно е и малку да се намали во споредба со минатата година, додаде Бош.