strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Дали Ахмети парите од црните бизниси и криминални тендери ги пере преку своите внуци?
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > НАЈНОВИ > Дали Ахмети парите од црните бизниси и криминални тендери ги пере преку своите внуци?
НАЈНОВИПОЛИТИКА

Дали Ахмети парите од црните бизниси и криминални тендери ги пере преку своите внуци?

Објавено October 2, 2024 18:02
Strana
Сподели
Сподели

Дали Али Ахмети, кој од командант стана ортак со кралевите на стриптизот и коцката, денеска ќе открие дали парите од црните бизниси и криминални тендери ги пере преку своите внуци, праша утрово пратеничката на Вреди Саранда Имери, во пресрет на прес-конференцијата на Европскиот фронт.

Криминалното раководство на ДУИ и неговите сателити, Зијадин Села и Мендух Тачи, ќе прават претстава за бркање на уплавот од нивното соочување со правдата, но нема да дозволиме да го потценуваат албанскиот народ, рече Имери на прес-конференција во Собранието.

– Ахмети од командант Абаз Џука стана ортак со кралевите на стриптизот и коцката. Внукот на Ахмети, Дрин, јавноста го запозна во јуни 2023 година по аферата „Соравија“, кога како 24-годишник го купи трговскиот центар од 13.000 м2 во централниот дел на Скопје, за фантастични 20 милиони евра. Станува збор за шема на сомнителни финансиски трансакции кои ги истражува Јавното обвинителство за организиран криминал, кое меѓу другото, бара меѓународна правна помош и од американските власти. Од страв дека се фатени, внукот на Ахмети се повлече од фамозната фирма „Тор Индустри“ во пресрет на изборната кампања, на 13 март 2024 година – рече Имери.

Таа потсети дека тогаш Јавното обвинителство соопштило дека неговото повлекување не може да го амнестира од одговорност.

– Фирмата на внукот на Ахмети е преземена од фирмата на кралот на стриптиз барови во Далас, Ник Назар Мехмети, со назив „Тексас Американ Интернешнл Холдригс“. Токму тој, во јули 2023 година, основал фирма со влог од 3 милиони евра, со назив „Американ Инвестмент Груп ДООЕЛ“, регистрирана на иста адреса со „Тор Индустрис“. Истата фирма „Американ Инвестмент Груп ДООЕЛ“, на 31 јули 2023 година, веднаш по регистрирање, на „Тор Индустрис“ на Дрин Ахмети му префрлила позајмица од 3 милиони евра, без да се дефинира целта на овој заем. Дали Абаз Џука денес ќе открие дали парите од црните бизниси и криминални тендери ги пере преку своите внуци – рече пратеничката?

Таа додаде дека Јавното обвинителство истражува серија деловни набавки кои Дрин Ахмети ги добил во ЕСМ, ЕЛЕМ, ЈП Комуналец Кичево, како и документација од Комисијата за заштита на конкуренција, од Фондот за иновации, МВР, Капетанијата на пристаништа, Министерството за економија и Централниот депозитар за хартии од вредност.

– Да не го заборавиме и другиот внук на Абаз Џука, Бесиан Ахмети, кој е вмешан во матни зделки во државата. Едвај чекаме криминалното раководство на ДУИ да се соочи со членството и нивните симпатизери. Ќе видиме како ќе ги убедуваат да застанат во одбрана на милионските криминали со кои се богатеа Ахмети, Груби, Крешник, Бујар, Ејуп, Прпарим, Муса и нивните фамилии – рече пратеничката од Вреди на прес-конференција во Собранието.

TAGGED:Али Ахмети
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Борис Кондарко повторно избран за претседател на ДИК
Следна статија Од денеска започнува пријавувањето за американската лотарија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Софија Куновска: Конгресот на СДСМ беше театар на апсурдот без смисла и катарза

Актерката и поранешна функционерка на СДСМ,…

January 26, 2026

(ВИДЕО)Енергетиката и долгорочниот развој на државата во фокусот на говорот на премиерот Мицкоски во Давос

Македонија ги зајакнува преносните линии за…

January 23, 2026

(ВИДЕО) Екс хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ скокна во морето на Антарктик

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која…

January 22, 2026

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов по втор пат стана татко!

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов…

January 21, 2026

РАЗНО

ПОЛИТИКА

Села бара нова химна, Димитриевски за инает му врати на албански

Според Зијадин Села, на Македонија и е потребна нова државна химна. Државната химна треба да се смени, со взаемно разбирање…

December 19, 2024
ПОЛИТИКА

Проектирале траса кон Блаце на која потоа се купувани имоти – дали некој преку експропријација сакал да инкасира милиони?

СДС и ДУИ 7 години не направија ниту еден автопат. Се што правеа беа само калкулации за криминал и профит…

October 26, 2024
ПОЛИТИКА

Попов: Владеењето на СДС ги доведе младите во тотална апатија

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на млади сили“ гостуваше пратеникот и претседателот на Унија на млади сили, Сергеј Попов, кој…

June 6, 2025
ПОЛИТИКА

Александар Мечка Инфомакс на координација со Заев (ВИДЕО)

Додека во Македонија трае седумдневна жалост за трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, поранешниот премиер Зоран Заев не…

March 22, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?