strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: „Девојчето беше како живо, рацете и беа врзани позади и нозете со стеги – на устата имаше лента“, сведочеше денеска пред судот началник од СВР Скопје
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > „Девојчето беше како живо, рацете и беа врзани позади и нозете со стеги – на устата имаше лента“, сведочеше денеска пред судот началник од СВР Скопје
ХРОНИКА

„Девојчето беше како живо, рацете и беа врзани позади и нозете со стеги – на устата имаше лента“, сведочеше денеска пред судот началник од СВР Скопје

Објавено October 18, 2024 13:55
strana.mk
Сподели
Сподели

Началникот на единицата за насилен криминал при СВР Скопје, Дејан Димовски на денешното судско рочиште за двојното свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски посведочи дека токму Кешишов ги однел на местото каде што била закопана Вања.

Димовски сведочеше и за шокот кога ја пронашле Вања.

Девојчето беше како живо. Рацете и беа врзани позади и нозете со стеги. И на устата имаше лента. Други знаци на насилство не видовме, рече началникот.

Началникот раскажуваше и за комуникацијата што ја имал со таткото на Вања.

-Ми се јави таткото Александар. Имало некое сомнително возило, и ми прати слики. Не знаев зошто му било сомнително, а ми рече и некое комбе има до него, видете го и него. Тоа беа слики од камера од козметички салон кои ние веќе ги имавме. Повторно правевме проверка, се бараше возилото на снимките. Тогаш видовме дека тоа е запалениот ,,цитроен” на Панче. А ја добивме и таблицата на пикапот, односно на ,,рено кангу”. Колегите излегоа и на терен, и возилото го најдовме пред седиштето на ,,Десна”, а претседател е Љупчо Палевски Палчо. Тогаш баравме наредба за претрес. Но не ја добивме брзо, дека станува збор за политичка партија, па да не се сфатело како притисок. Кога ја добивме, внатре имаше тројца. Кешишов ни рече кај сте до сега, ве чекавме. Рече ја виделе колата и знаеле. Прашавме кај е Палевски, а Кешишев рече дека е за Белград, имал здравствени проблеми. Адвокатот пак што беше на претрес рече пред два дена тој го однел во Србија. Ние тогаш трагаме по Панче, немавме поврзаност со Вања, но ни стоеше фактот дека возилото поминало кај зграда на Вања, велеше сведокот.

Обвинетиот Кешишов велел дека не знае ништо и дека ретко излегувал.

-Но се гледаше дека нешто крие. Велеше дека му готвви на Палчо, тука спиел. Го прашавме со кого се дружи, и сомнуваше и некој Вељо од Велес. Излезе дека е Велибор Манев и живее на иста улица со Панче. Тогаш побаравме да се најде и да се изврши претрес. Кога му отишле на претрес, тој паднал во несвест. Тогаш го донесоа во Скопје, објаснуваше сведокот.

-Постојано правевме разговори со Кешишов. Ноќта, му дадовме цигара, вода. Му велиме кажи што се случило. ,,Јас не сум човек. Јас сум, кажа лош израз штом сум учесник, не сум човек”. Се кршеше човекот. Уште не кажуваше, но зборуваше за некое место кај што одел со Палчо, во Бразда, сакал да гради нешто. Не однесе таму и му рековме кажи зошто дојдовме. Пак не носеше некаде, а колега ми кажа дека не носи на местото каде што е запален ,,цитроенот”. Му велевме да каже што понатака. Цело време му велел на колегата дека се плаши дека Палчо ќе го убие, имал многу луѓе во полиција. Тогаш ни рече ќе не носи кон ридот. Бараме нешто, некој леш, ама не знаев што бараме. По половина час, повторно му велевме да каже што и каде да бараме. Покажуваше со главата, не покажуваше со рака. Не зборува, пак покажува со главата. Покажуваше кон перници, мушама, ги тргнавме и видовме земја. Почнавме да копаме и осетивме дека е ровка земјата и дека пропаѓа. Кешишов не сакаше ниту да гледа, се сврте со грбот. Дојде колегата и ни кажа дека Кешишов му рекол дека тука е маленкото, девојчето Вања. Го викнавме да копа и тој со нас. Дојде зема стап и копаше. Потоа пак се помести. Кога дојдовме до телото шок, солзи ни дојдоа на очи. Ги известивме сите. Кешишев ни кажа дека со нив бил и Боре каратистот од Велес, по што се бараше приведување, рече началникот.

Тој додаде дека Кешишов рекол дека работеле по насоките на Палчо, се било во главата на Палевски.

TAGGED:панче и вања
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Нови германски инвестиции и очекување растот на БДП да надмине три отсто, најави Мицкоски
Следна статија Гордан Георгиев: Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кинеските научници создадоа нов вид бактерии: Можат ли да ја спасат планетата?

Кинеските научници создадоа нов вид бактерии способни истовремено да разградат пет вида…

May 11, 2025
Доктор Оз измисли чудотворен пијалок: изгубете 7 килограми за само 3 дена

Докторот Мехмет Оз, по потекло од Турција, стана познат по својот план…

May 10, 2025

Оклахома со „брејк“ се враќа од Денвер (ВИДЕО)

Тимот на Денвер Нагетс загуби од…

May 12, 2025

Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз

ЕУ беше, е и ќе остане…

May 12, 2025

Предложен притвор за лицето кое со секира го уби својот татко во кичевско

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна…

May 12, 2025

Фото: Милијардерите се подготвуваат за Апокалипсата!?

Вака ултра богатите се подготвуваат за…

May 12, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Се трага по Гоце Трајковски кој требаше да сведочи за убиството на Вања и Панче, бил осомничен за друго кривично дело

Гоце Трајковски кој требаше да сведочи за исчезнувањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, извршил палење на објект во Кисела Вода.…

December 11, 2024
ХРОНИКА

Штипјанец со автомобил влетал во луѓе кои седеле во двор

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Р.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени…

December 24, 2024
ХРОНИКА

Туфегџиќ: Исказот на Ѓорчевски ја разоткрива неоснованоста на обвинението

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, изјави дека исказот на неговиот клиент е јасен и искрен, одразувајќи реално учество…

April 7, 2025
ХРОНИКА

Пожар во стан во Аеродром на Велигден, татко и син завршија во болница

На 20.04.2025 во 05.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар…

April 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?