strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Денеска пресуда за убиството на Вања и Панче
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > НАСЛОВНИ > Денеска пресуда за убиството на Вања и Панче
НАСЛОВНИХРОНИКА

Денеска пресуда за убиството на Вања и Панче

Објавено June 25, 2025 08:48
strana.mk
Сподели
Сподели

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски. 

Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Обвинетите на почетокот од процесот кој траеше нецела година изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Во завршните зборови, одбраната на обвинетите побараа ослободителна пресуда, додека, Основното јавно обвинителство побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, а за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

Бранителот на Александар Ѓорчевски, адвокат Владимир Туфегџиќ,  оцени дека обвинението против Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Тој посочи дека одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ситуација кога се трага и бара неговото исчезнато дете.

Бранителот на обвинетиот Велибор Манев, адвокат Горан Бошевски, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување. Според адвокатот, не постоел договор за убиства и оттаму нема умисла за извршување таков вид кривични дела.

Ослободителна пресуда побара и адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски, посочувајќи дека обвинителството не ја докажало вината на неговиот клиент. Според него, правецот по кој што е водена истрагата за овие кривично правни настани е целосно погрешен, а сите признанија се изнудени.

Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, исто така, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи. Евентуална вина, како што посочи, може да сноси само за грабнувањето на Вања.

Адвокатот Јовица Страшески, застапник на Палевски, побара ослободителна пресуда, тврдејќи дека Обвинителството не приложило ниту еден конкретен доказ за вината на неговиот клиент. Тој презентираше нови снимки и службени белешки кои, според него, ја поткопуваат верзијата на ОЈО.

Претходно Обвинителството побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека, за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна. Според нив, нема олеснителни околности, а нивните постапки дополнително ја трауматизираат јавноста. Како што наведоа, Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, не сакал да ѝ наштети, но учествувал во киднапирањето, Велибор Манев призна учество во двете убиства, Боре Видевски првично призна вина, но подоцна негираше, Влатко Кешишев се обиде да се прикаже како послушник, но доказите покажуваат активна улога, а Љупчо Палевски се смета за организатор кој креирал алиби и уништувал докази.

По завршните зборови на Основното јавно обвинителство, правните застапници на оштетените семејства пред судот изјавија дека во целост го прифаќаат барањето на Обвинителството, се приклучуваат кон кривичното гонење и бараат имотно правно побарување.

Завршни зборови на судењето за убиството на малолетната Вања и велешанецот Панче дадоа и обвинетите. Обвинетиот Палевски првпат јавно ги посочи Велибор Манев како организатор, Боре Видевски како извршител, а Влатко Кешишев како стражар во двата кривично-правни настани. 

Манев откри дека синиот ранец со оружјето и моторолите бил скриен од член на партијата Десна, по налог на Палевски. 

Видевски кусо изјави дека нема што да додаде на зборовите на својот бранител, кој претходно побара ослободителна пресуда, тврдејќи дека признанијата се изнудени, а истрагата водена во погрешен правец.

Кешишев изрази каење и рече дека имал грижа на совест што бил дел од групата, но дека не учествувал во планирањето и извршувањето на убиствата.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

TAGGED:палевскиПресудаСудење
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Повредените во „Пулс“ кои се рехабилитираат на Пониква пуштија 62 бели балони во чест на починатите и побараа простување што не ги спасиле
Следна статија Мицкоски: Успеавме да покажеме дека промената на Уставот не е последниот услов

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски со пораки до младите: Нема подобар начин да го изразиме нашиот патриотизам и љубов кон државата и народот од формирање семејство

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на настанот во организација на УМС по повод 34 години од формирањето на…

April 6, 2025
ХРОНИКА

Продолжува потрагата по Миле Тодоров кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто…

February 6, 2025
ХРОНИКА

Нелегален софтвер откриен во казино во Боговиње – кривична за фирма од Скопје и вработен од Охрид

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице-друштво за туризам, угостителство и услуги од Скопје и против А.М.(25) од Охрид,…

July 24, 2025
ХРОНИКА

Уапсен чаирчанецот кој утрово пукаше од возилото

Денеска околу 08.00 во часот во СВР Скопје било пријавено дека било забележано дека на ул.„Цветан Димов“ во населба Чаир,…

March 30, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?