Најдобриот македонски таеквондист Дејaн Герогиевски освои сребрен медал на Г1 Светскиот Куп кој се одржува во Букурешт.
Георгиевски се соочи со Вудард од САД и Петрос Андреу од Купар и во овие борби заслужено запиша две победи. Во битката за златниот медал Георгиевски беше поразен од францускиот таеквондист Омар.
Претходно Георгиевски четири пати го победуваше Французинот, но денеска не успеа да слави.
„Одиме по зацртаната патека, олимписките игри во Лос Анџелес 2028 се наш следен предизвик. Чекориме по највисоките светски олимписки стандарди, тоа е критериум кој го поставивме и живееме за да го негуваме“, објавија од Таеквондо Федерацијата на социјалните мрежи.