strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Директорот на НП „Пелистер“ и четворица вработени обвинети за пустошењето на шумата кај Голема ливада
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Директорот на НП „Пелистер“ и четворица вработени обвинети за пустошењето на шумата кај Голема ливада
ХРОНИКА

Директорот на НП „Пелистер“ и четворица вработени обвинети за пустошењето на шумата кај Голема ливада

Објавено October 26, 2024 21:43
strana.mk
Сподели
(C) Niki Gango
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против пет физички и правното лице – Јавна установа Национален парк „Пелистер“ – Битола за кривично дело – Пустошење шума од член 226 од Кривичниот законик. За истиот настан, поднесено е обвинение и против одговорно лице – в.д. директор во правното лице кое се товари за кривично дело – Несовесно работење од член 353в став 5 во врска со став 4 од Кривичниот законик.

Како што објаснуваат од ОЈО, на точно неутврден датум во периодот од крајот на септември 2023 година до 09.10.2023 година, во близина на место викано „Голема ливада“ во рамките на Националниот парк Пелистер, петтемина први соизвршители, во име и за сметка на обвинетото правно лице кое стопанисува со Националниот парк Пелистер, спротивно на Законот за шумите, сечеле шума во националниот парк.

Врз основа на усна наредба на двајцата првообвинети, останатите тројца шумски работници, без претходно одобрение и извршен преглед на ознаката за сеча од овластен инспектор за шумарство од Државниот инспекторат за шумарство, од Националниот парк Пелистер бесправно исекле 85 стебла молика и 24 стебла ела во вкупна количина на дрвна маса од 168.63 м3, со намена за нивна продажба како дрвна маса во име и за сметка на обвинетото правно лице ЈУ Национален парк Пелистер. Последниот обвинет, како вршител на должноста директор на ЈУ Национален парк Пелистер Битола, од небрежност, со пропуштање на должен надзор очигледно несовесно постапувал при вршење на своите овластувања и должности и не ја обезбедил законитоста и соодветно управување во работењето на Националниот парк Пелистер. Тој бесправно исечените дрвја и друга дрвна маса за која нема доказ дека е сечена согласно Закон ги продавал во име и за сметка на ЈУ Национален парк Пелистер Битола како техничка дрвна маса на три правни лица, со што обвинетиот прибавил имотна корист на ЈУ Национален парк Пелистер Битола во износ од 1.752.287 денари, соопшти ОЈО.

TAGGED:голема ливададиректормоликапелистерпустошење
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини
Следна статија Фон дер Лајен: Црна Гора во ЕУ до 2028 година

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За џабе се трошат пари за скрининзи за рана детекција на рак на дојка и на грло на матка- Резулатите многу доцнат или ги нема

Како на време да се открие рак на дојка или на грло…

July 14, 2025
Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија

Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ…

July 14, 2025

Митева: Поразот на СДС на локалните избори ќе им биде показател за потребната реформа и реорганизација

На телевизија Алфа во емисијата „За…

July 15, 2025

Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Скопје

На 14.07.2025 во 16.20 часот во…

July 15, 2025

Активни четири пожари, изгаснати 15, информира ЦУК

До 18 часот, евидентирани се вкупно…

July 15, 2025

НЕ ПОМИНА новиот пакет санкции на ЕУ против Русија – Една членка го блокираше предлогот

Министрите за надворешни работи на земјите-членки…

July 15, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

На лентата од устата на Вања имало траги од Велибор Манев

Обвинителката Жаклина Трајковска на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен…

December 20, 2024
ХРОНИКА

(ФОТО) Спречени обиди за криумчарење на импланти за гради, стоматолошки инструменти, цигари

Царинска управа: спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока 616 стоматолошки инструменти и четири…

November 7, 2024
ХРОНИКА

Со дрон се бара исчезнатата Трајковска, пронајдени нејзини предмети

Пронајдени се предмети кои и припаѓаат на исчезнатата Лидија Трајковска која последен пат е видена на автобуската станица во Јурумлери,…

November 10, 2024
ХРОНИКА

Три жени пронајдени починати во одвоени случаи

Три жени биле пронајдени починати во текот на вчерашниот ден. Два случаи се во Аеродром, а еден во скопско Средно…

December 27, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?