Мерката со ограничените профитни маржи на 73 основни прехранбени производи завршува на крајот од месецов.
Во некои маркети е забележано дека недостасуваат продукти кои се опфатени со одлуката. Производители пак наместо со 10 продолжиле да работат со маржи кои надминуваат 30 проценти.
.Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, вели дека законот не дозволува поголеми казни за големите синџири на маркети, а тоа не може да стави ред.
И покрај сите притисоци кои се прават ќе продолжиме да работиме и на крајот секој кој ја прекршил одлуката ќе биде јавно објавен од моја страна. Инспекторите се на терен, но сметам дека паричните казни од 7 до 10 илјади евра се мали со оглед на тоа што станува збор за големи ланци маркети со големи заработки. Уште пред една година побарав да има измени во законот за казните да бидат по ригорозни“, изјави Горан Трајковски за Телма.
За ваквата мерка и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска претходно рече дека не дава резултати и во иднина да не се применува. Одлуката е сложена и институциите немаат капацитет да проверуваат кој ја почитува. Била надгласана од Владата кога ја донела одлуката.
Паралелно на сила е и Законот за нефер трговија кои се очекува да стави крај на проблемите со цените. Но, и овој документ трговците го изигруваат.