strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Д-р Чибишев: Загадениот воздух во Македонија значително ги надминува безбедните нивоа, што предизвикува сериозни здравствени последици
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Чибишев: Загадениот воздух во Македонија значително ги надминува безбедните нивоа, што предизвикува сериозни здравствени последици
ЗДРАВЈЕ

Д-р Чибишев: Загадениот воздух во Македонија значително ги надминува безбедните нивоа, што предизвикува сериозни здравствени последици

Објавено November 29, 2024 14:59
strana.mk
Сподели
Сподели

Професоре Чибишев, како би ја оцениле состојбата со загадувањето на воздухот во Македонија, особено во Скопје?

За жал, ситуацијата е крајно сериозна и алармантна. Кај нас, загаденоста на воздухот достигнува ниво кое значително го надминува она што Светската здравствена организација (СЗО) го смета за безбедно. Македонија е на врвот во Европа по концентрацијата на ПМ честички во воздухот, а тоа е директно поврзано со бројни здравствени последици. Долготрајната изложеност на загаден воздух не само што предизвикува респираторни заболувања, туку доведува и до зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, мозочни удари и дури и појава на малигни тумори.

Што точно предизвикува вакви сериозни здравствени последици кај граѓаните?

Секојдневното вдишување на ПМ честички, јаглероден моноксид, азотни оксиди, сулфур диоксид и тешки метали како олово и жива, го оштетуваат респираторниот систем и го ослабуваат имунитетот. Овие токсини, кога ќе стигнат во организмот, предизвикуваат хронични воспаленија, кои на краток рок можат да доведат до бронхитис и астма, а на долг рок – до сериозни заболувања на белите дробови, како емфизем. Кардиоваскуларниот систем исто така страда: загаденоста на воздухот го намалува снабдувањето на мозокот и срцето со кислород, што значително го зголемува ризикот од срцеви и мозочни удари.

Како загадениот воздух влијае на децата и повозрасните лица, кои се сметаат за најранливи категории?

Кај децата, изложеноста на загаден воздух предизвикува не само хронична кашлица, туку и го нарушува развојот на нивниот имунолошки систем. Кај постарите лица, пак, ваквата изложеност ја влошува состојбата на постоечките хронични заболувања и го зголемува ризикот од сериозни респираторни и кардиоваскуларни компликации. Неврологичките проблеми, како когнитивни пореметувања, мемориски загуби и дури појава на невродегенеративни болести, исто така се поврзуваат со долгорочната изложеност на загаден воздух.

Што можат граѓаните да направат за да го заштитат своето здравје?

За жал, граѓаните не можат да го решат сами проблемот со загадениот воздух, но можат да преземат одредени мерки за минимално да го намалат своето изложување. Препорачувам да избегнуваат физичка активност на отворено во периоди кога концентрацијата на загадувачи е висока, да користат маски, како КН95, и да задолжително да се набават прочистувачи на воздух во затворените простории каде ситуацијата е дополнително посложена. Граѓаните треба да бидат свесни дека воздухот и во затворените простории е 5 до 10 пати позагаден од надворешниот. Многу е важно да се употребуваат квалитетни прочистувачи за воздух. Тие се одлична прва линија на одбрана од загадувањето во домот, бидејќи висококвалитетните прочистувачи на воздух успеваат да филтрираат до 99.9% од штетните честички и гасови. На пазарот постојат прочистувачи со сомнителен квалитет, кој не ги задоволуваат елементарните критериуми. Еве, за ваша референца, кога зборуваме  за овие уреди, прочистувачи за воздух што го користиме во мојот дом е од реномираниот германски производител Mann & Hummel, има капацитет од 500m³ воздух  на час и е на ниво на филтрација според медицинските стандарди.

Дали сте запознаени со новите владини напори за намалување на загадувањето на воздухот?

Да, запознаен сум и ги поздравувам долгорочните планови на Владата за оваа цел. Владата веќе разви стратегија за намалување на загадувањето, која, по долга пауза, конечно започна да се имплементира. Премиерот најави дека се очекува загадувањето да се намали за 60% во наредните три години, но за тоа е потребен период на реализација. Исто така, Министерството за животна средина ги интензивира активностите за чист воздух преку зелени проекти и контролирање на индустриските емисии. Тоа е чекор напред кон подобрување на квалитетот на животот, но исто така е важно секој граѓанин да преземе мерки за заштита во меѓувреме.

Има ли добри примери од практиката во заштита на здравјето од загадувањето на воздухот?

Неколку училишта во општина Кисела Вода веќе се опремени со прочистувачи на воздух, кои ефективно ги намалуваат ПМ честичките и токсичните гасови во просториите, достигнувајќи ниво на чистота споредливо со она во медицинска операциона сала. Овие примери се многу позитивни и докажуваат дека со правилна опрема можеме да го заштитиме здравјето на децата и наставниот кадар. Чистиот воздух е основно право на секое дете и секој ученик. Овие добри практики треба да се поддржат и во други училишта и јавни институции, со цел да им обезбедиме на децата чиста и безбедна средина за учење и развој.

Што би им порачале на граѓаните?

На секој граѓанин би му порачал да преземе што е можно повеќе превентивни мерки за заштита од загадениот воздух. Прочистувачите на воздух се одлична инвестиција во здравјето на секој дом, особено во региони како Скопје, каде загадувањето е сериозен ризик. На крајот на краиштата, чистиот воздух не е луксуз, туку основно право и неопходност за здрав и квалитетен живот. Со прочистен воздух и подобра заштита, секој дом може да стане сигурна зона за дишење.

TAGGED:Д-р Чибишевзагадување
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија СДСМОВЦИ ДОБИЈА НАПАД НА ПАТРИОТИЗАМ Функционерите го објавуваат македонското знаме на профилите на Фејсбук
Следна статија Стефановски: Oва е демонстрација на сила и праќање на порака за контрола и обележување на територии

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението…

July 19, 2025
Андовски: Во болницата во Кавадарци донирани опрема и медицински материјали од ОМД

Во болницата во Кавадарци се донирани опрема, апаратура и медицински материјали од…

July 18, 2025

Овие хороскопски знаци мислат само на себе

Иако сите хороскопски знаци имаат свои…

July 19, 2025

Агресија на секој чекор: Полицаец бил нападнат на Средно Водно

Полициски службеник бил физички нападнат ноќеска…

July 19, 2025

Секој петти граѓанин на Србија е во ризик од сиромаштија

Речиси 40 проценти од српските граѓани…

July 19, 2025

Милионер тајно се оженил со жена 25 години помлада и починал ден потоа: Вдовицата го наследила целото богатство

Смртта на 75-годишниот милионер земјоделец Џозеф…

July 19, 2025

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Протест на здравствените работници во тетовската болница, бараат плати и решенија

Здравствените работници во тетовската болница излегоа на протест барајќи исплата на плати и регулирање на нивниот работен однос. Некои од…

May 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зошто појадокот е најважниот оброк

Прескокнувањето на појадокот, општо гледано, не се препорачува од лекарите. Предупредувањата говорат дека прескокнувањето на првиот оброк може да доведе…

June 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

На лекување во странство 69 пациенти, нема промена во нивната состојба- во Скопје 15 стабилни пациенти

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба,…

April 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Грипот го достигнува пикот – на Детска клиника и во Козле се прегледуваат и по 200 деца дневно

Грипот го достигнува пикот. Клиниката за детски болести и клиниката за респираторни болести Козле имаат и до 200-те пациенти за…

February 12, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?