strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Жртвите на насилство ќе може да аплицираат за паричен надоместок
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Жртвите на насилство ќе може да аплицираат за паричен надоместок
ХРОНИКА

Жртвите на насилство ќе може да аплицираат за паричен надоместок

Објавено October 17, 2024 16:58
strana.mk
Сподели
Сподели

Во Министерството за правда денеска се отвори канцеларијата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

Отворањето на канцеларијата доаѓа 17 месеци откако стапи на сила Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство кој е донесен кон крајот на 2022 година, а почна да се применува во мај 2023 година. Комисијата како независен правен субјект е формирана во февруари годинава.

Целта на овој закон е да се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како помош од страна на државата, согласно со начелото на општествена солидарност и да се спречи секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи – рече министерот за правда Игор Филков.

– Согласно националната стратегија на РСМ за борба против тероризмот и акцискиот план предвидено беше компензација на жртвите од кривично дело со насилство. Истото беше предвидено и во Стратегијата за реформи во правосудниот систем во периодот од 2017 до 2022 година и истиот се имплементираше во домашното законодавство со носење на Законот за паричен надоместок. Согласно овој Закон се уредуваат сите прашања во врска со условите, постапката, начинот на обезбедување на парични средства за исплата на жртвите од кривично дело насилство, регулиран е составот, изборот, мандатот на членовите на Комисијата како и нивната надлежности и сите други прашања – рече претседателката на Комисијата, Цветанка Периќ.

Во претходниот период Министерството за правда презеде активности од административно – технички и од правен карактер со цел да отпочне со работа Комисијата и очекувањата се дека во наредната седмица веќе ќе има резултати.

Согласно Законот, право на паричен надоместок имаат жртви кои се македонски државјани, но и странски државјани и лица без државјанство кои во времето на извршување на кривичното дело престојувале на територијата на државава. Исто така, право на надоместок имаат и жртви на трговија со луѓе и трговија со дете.

TAGGED:жртвиИгор филковнасилствопаричен надоместок
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Денеска е супермесечината во Овен – најсветлата, најблиската и најголемата месечина оваа година
Следна статија Мицкоски: Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Ден на лица со мултипла склероза, наместо честитки, 60 отсто зголемен буџет за биолошки лекови

За Светскиот ден на лицата со мултипла склероза, наместо честитки, 60 проценти…

May 30, 2025
Протест на здравствените работници во тетовската болница, бараат плати и решенија

Здравствените работници во тетовската болница излегоа на протест барајќи исплата на плати…

May 30, 2025

Мала европска земја полна со богаташи: Можете ли да погодите каде е „Порше“ најпродавано ?

Обично очекуваме најпродаваните автомобили во европските…

May 31, 2025

Трансакциите со биткоини генерираат годишни емисии од 98 милиони тони CO2

Годишната емисија на јаглерод диоксид (CO2)…

May 31, 2025

Конфликтот ескалира: Кличко жестоко го нападна Зеленски

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, даде…

May 31, 2025

(ВИДЕО) Крвничка тепачка меѓу навивачите на ПСЖ и Интер во метрото во Минхен

Пред почетокот на финалето на Лигата…

May 31, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Седум лица од тимот на ДНК загинаа во пожарот

Дури седум лица од тимот на ДНК се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани. Покрај Андреј, починати се и музичарот…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец уапсен поради закани кон лекар во приватна клиника

Полицијата приведе 45-годишен жител на Скопје поради упатени закани кон лекар во приватна болница на подрачјето на Карпош. Како што…

March 22, 2025
ХРОНИКА

Предложен притвор за лицето кое со секира го уби својот татко во кичевско

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123…

May 12, 2025
ХРОНИКА

Раде Штекли е вон животна опасност, го преживеа и третиот обид за убиство

Раде Трајковски- Штекли е надвор од животна опасност, без сериозни повреди. Според првичните информации тој поминал со помали телесни повреди,…

November 14, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?