Иако е поскапо од обичното пченично брашно, бадемовото брашно е нутритивно поздрав избор.
Бадемовото брашно не содржи глутен, па затоа го избираат оние кои имаат целијачна болест или избегнуваат глутен во исхраната. Исто така, има низок процент на јаглени хидрати, што го прави популарен избор во исхраната за дијабетичари.
Богато е со незаситени масти, кои се корисни за здравјето на срцето и можат да помогнат во регулирањето на холестеролот со намалување на лошиот (LDL) холестерол и зголемување на добриот (HDL) холестерол, пренесува Pun kufer
Бадемовото брашно го сакаат и спортистите бидејќи содржи повеќе протеини од многу други видови брашно, што помага во зајакнување на мускулите и го продолжува чувството на ситост. Влакната во бадемовото брашно го помагаат варењето, магнезиумот го помага нервниот систем, а витаминот Е е моќен антиоксиданс.
Оваа здрава храна содржи и манган, калиум, калциум и железо. Бадемовото брашно можете да го купите во продавниците за здрава храна или да го направите сами.
Како да направите бадемово брашно?
Бадемите прво исечкајте ги, па блендирајте ги во блендер околу десет секунди, додека не се претворат во прав. Не претерувајте за да не завршите со путер од бадеми. Потоа просејте ги во сито со мали дупчиња, а поголемите парчиња повторно измешајте ги и просејте. Бадемовото брашно може да го чувате во фрижидер околу три месеци.