Потрес со јачина од 4 степени утрово ја погоди Србија, а истиот е почувствуван и во Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на македонската граница, односно на 12 километри североисточно од Врање.
Земјотресот беше на длабочина од 14 километри и се почувствува 4 часот и 48 минути по локално време.
Потресот го почувствувале граѓаните во Македонија и Србија.
Минатиот месец во Македонија имаше слаби земјотрес и тоа во Скопје, Лазарополе и Берово.