Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена 21 ден поради птичји грип.
Од денеска Зоран Попов е именуван за в.д. директор на зоолошката градина од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Ова за СДК.мк го потврди самиот Попов. Тој ќе го замени Драган Илиевски, кој од денеска е именуван за директор на ЈП „Водовод и канализација“.
Во меѓувреме, за таа позиција конкурираше поранешниот управител Ѓорѓи Галетановски, но како што и самиот рече, не му биле разгледани ниту поднесените документи.