strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Инфлацијата во еврозоната порасна за 2,4% ќе ги намали ли каматите Европската централна банка?
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Инфлацијата во еврозоната порасна за 2,4% ќе ги намали ли каматите Европската централна банка?
БИЗНИС

Инфлацијата во еврозоната порасна за 2,4% ќе ги намали ли каматите Европската централна банка?

Објавено January 8, 2025 10:48
strana.mk
Сподели
Сподели

Годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена со хармонизираниот ценовен индекс (HICP) во декември изнесува 2,4%, покажуваат прелиминарните пресметки на Евростат.

Инфлацијата во еврозоната бележи раст трет месец по ред. Трендот на раст на цените почна во октомври, кога цените пораснаа за 2,0%. Во ноември растот се забрза на 2,2%, покажуваат ревидираните податоци.

Во декември поскапеа услугите чии цени се зголемија за 4,0%, нешто повеќе од претходниот месец. Свежата храна е поскапа за 1,7% во однос на претходната година, но со значително поблаг раст од ноември.

Цените на енергенсите благо пораснале во декември, за 0,1% во однос на истиот месец од 2023 година. Во ноември тие се намалени за 2,0%, во октомври за 4,6%.

Ако се исклучат енергијата и свежата храна, основните цени во еврозоната во декември биле за 2,8% повисоки во однос на истиот период од претходната година, покажува пресметката на Евростат. Тоа значи дека основната стапка на инфлација е само благо зголемена во однос на ноември.

Највисок годишен раст на цените е забележан во Хрватска, каде што потрошувачките цени мерени со ХИЦП пораснале за 4,5%. Блиску до Хрватска во однос на растот на цените во декември е Белгија, со годишен раст од 4,4% и Естонија од 4,0%.

Убедливо најблаг раст на цените во еврозоната е забележан во Ирска, каде што цените пораснаа за 1,0% на крајот на минатата година. Следуваат Италија и Луксембург со раст од 1,4 односно 1,6%.

Се очекува Европската централна банка да ги намали каматните стапки на следниот состанок за монетарната политика на 30 јануари, но податоците за инфлацијата ќе влијаат на чекорите кои ќе ги преземе во однос на каматните стапки.

Очекуваме ЕЦБ да ги намали стапките само еднаш во првата половина од оваа година, со дополнителни намалувања концентрирани во втората половина на 2025 година – вели Чарли Корнс, виш економист во британскиот Центар за економски и деловни истражувања.

TAGGED:ЕУинфлацијакаматна стапка
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Студентите во Србија кои организираат блокади, ги повикаа граѓаните в недела на протести пред Уставниот суд
Следна статија Прв случај на метапневмовирус во Грција, надлежните смируваат дека нема простор за паника

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025
Костадинов: Судот пресуди дека водата за пиење во Струмица била чиста, питка и биохемиски исправна

Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го…

July 1, 2025

Ова се најтемпераментните хороскопски знаци

Некои хороскопски знаци се издвојуваат по…

July 3, 2025

Уапсен е моторциклистот кој усмрти пешак на „Ленинова“

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во…

July 3, 2025

УЖАС ВО ТЕТОВО: Силувани две малолетнички, едната ја принудувале на секс со други лица

МВР информира дека вчера во 15.30…

July 3, 2025

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ…

July 3, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

Човек моќен како и Трамп, ако не и повеќе, а малкумина дури слушнале за него

Сосема е јасно - Доналд Трамп, претседателот на САД, воопшто не се шегува кога се во прашање високите царини, а…

February 1, 2025
БИЗНИС

Кина ја слави победата против Трамп: Договорот за царини дочекан со воодушевување

Кинеските претставници, влијателните личности и државните медиуми во понеделник го претставија првичниот трговски договор и 90-дневното укинување на царините со…

May 13, 2025
СВЕТ

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи…

March 12, 2025
БИЗНИС

Circle и Binance во стратешко партнерство за забрзување на глобалното усвојување на USDC и криптовалути

Водечките компании во крипто индустријата, Circle Internet Group Inc. и Binance, објавија ново стратешко партнерство на Финансиската недела во Абу…

December 11, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?