strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Исланд ќе добива електрична енергија од вселената
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Исланд ќе добива електрична енергија од вселената
БИЗНИС

Исланд ќе добива електрична енергија од вселената

Објавено November 19, 2024 16:33
strana.mk
Сподели
Сподели

До 2030 година, Исланд би можел да стане првата земја во светот која ќе добива енергија од фотоволтаици директно од вселената. Пионерскиот проект изнедрен од соработката помеѓу British Space Solar и локалните компании Reykjavik Energy и Transition Labs, има за цел да ги надмине границите на традиционалната технологија (тука на Земјата), а пред сè, да ја елиминира интермитенцијата предизвикана од временските услови.

Системот ќе собира сончева светлина преку панели инсталирани на сателити поставени во орбитата на Земјата. Потоа енергијата, претворена во радио бранови со висока фреквенција, ќе се пренесува до станиците на Земјата каде одново ќе се трансформира во чиста електрична енергија. Системот, со почетен капацитет од 30 мегавати, ќе работи 24 часа, обезбедувајќи непрекинато снабдување со електрична енергија.

Станува збор за револуционерна технологија. Наместо да зависи од присуството на сонце на небото, како што тоа е случај со ‘терестријалните ’ фотонапонски панели, новиот систем ќе ја искористува сончевата енергијата директно во вселената, каде нема пречки од типот на облаци или ноќна темнина (со оглед на поставеноста на панелите во однос на површината на Земјата). Ова би овозможило континуирана достапност на електрична енергија, со конкурентни трошоци во споредба со ‘традиционалните’ обновливи извори.

Исландската компанија Рејкјавик енерџи гледа можност со овој проект да придонесе за целите на својата земја кон нула емисии на стакленички гасови (net zero). Нивната соработка со британската компанија може да поттикне промена на парадигмата за целиот сектор на обновливи извори, дури и надвор од островот на глечери и вулкани.

Поради растечката глобална побарувачка за обновлива енергија, освен за Исланд, се разгледуваат и други приемни станици за ‘вселенска електрична енергија’, во Канада и во северна Јапонија. Првиот сателит ќе претставува еден од најимпресивните објекти во орбитата по вселенските станици.И иско патеката на движење поставува сложени инженерски предизвици, напредокот во доменот на модуларната технологија, којшто се проучува е ветувачки.

Степенот на придобивки поврзани со овој подвиг е разработен во истражувањата на Империал колеџот во Лондон, кои проценуваат дека 8 GW сончева енергија од вселената би можеле да ги намалат годишните трошоци во секторот за целото Обединето Кралство за околу 4 милијарди британски фунти.

Лансирањето на првата ‘вселенска централа’ е само почеток. Всушност, планирано е проширување на почетниот капацитет од 30 мегавати и надминување на гигаватниот праг до 2036 година. Ова би можело да донесе потенцијална револуција во снабдувањето со обновливи извори на енергија за целата планета. Соработката со компании од различни земји е подеднакво значаен чекор кон оваа визија, што ќе му понуди на Исланд уште еден постојан и одржлив извор на енергија.

TAGGED:вселенаелектрична енергијаисланд
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Маск: Британија оди во целосен сталинизам
Следна статија БИТКОИНОТ БЛИСКУ ДО ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПРИФАЌАЊЕ ВО САД: Трамп го обликува крипто-светот и пред официјално да влезе во …

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Целосно е реконструирано одделението за системски прегледи во ИЈЗ

Марија тоа многу добро го срочи, би рекол брилијантно и мислам дека…

June 1, 2025
Клековски за РСЕ: Обвинението за Онкологија е порака за целото здравство

Клиниката за онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите…

June 1, 2025

Приведен маж: Ја тепал својата сопруга,а во полиција го пријавила ќерката

На 31.05.2025 година во 20:20 часот…

June 1, 2025

Овие три знаци од 2 до 8 јуни ќе имаат најубава недела

Сонцето патува низ Близнаци, активирајќи комуникација…

June 1, 2025

(ВИДЕО) Мечка со две мали мечиња снимени покрај патот Маврово-Дебар

Снимка од мечка со две мали…

June 1, 2025

За два дена уапсени осум пијани и бесни возачи

Денеска (01.06.) како и вчера во…

June 1, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

Кинескиот извоз се зголеми и покрај падот на трговијата со Америка

Извозот на Кина се зголеми за 8,1 процент на годишно ниво во април и покрај остриот пад на трговијата со…

May 11, 2025
БИЗНИС

Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини

Кинеската компанија „Тему“ денеска објави дека повеќе нема да испорачува стока од Кина во САД поради новите американски царински мерки.…

May 4, 2025
БИЗНИС

Швеѓаните ги бојкотираат супермаркетите поради високите цени на храната, годишните трошоци се зголемени за цели 3.000 евра

Швеѓаните одлучија да преземат директна акција против поскапувањето на храната. Организираа седумдневен бојкот на најголемите супермаркети во земјата, објави „Гардијан“.…

March 25, 2025
БИЗНИС

По Доналд Трамп и Меланија Трамп лансираше своја криптовалута

Меланија Трамп го следеше својот сопруг Доналд и лансираше своја криптовалута во пресрет на неговата инаугурација во 47. претседател на…

January 20, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?