strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Како што ги редиме, ги земаат велат од маркетите каде зголемена е побарувачка на вода по најавата за прекин во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Како што ги редиме, ги земаат велат од маркетите каде зголемена е побарувачка на вода по најавата за прекин во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Како што ги редиме, ги земаат велат од маркетите каде зголемена е побарувачка на вода по најавата за прекин во Скопје

Објавено December 19, 2024 15:18
strana.mk
Сподели
Сподели

Се зголемува побарувачката на вода низ маркетите во главниот град по најавата на ЈП „Водовод и Канализација“, дека поголемиот дел од Скопје утре по 22 часот ќе остане без вода поради санација на главниот цевковод.

Во дел од маркетите што ги посети МИА, рафтовите со вода, особено тубите над 5 литри, се празнеа.

Како што ги редиме, ги земаат, рече една од продавачките. 

И угостителите се подготвуваат за најавениот прекин на водоснабдувањето обезбедувајќи резерви, а некои од нив би можеле и воопшто да не работат. Велат дека доколку прекинот со вода трае два – три дена или повеќе, тие ќе имаат големи штети.  

Од скопски Водовод денеска добивме ист одговор дека прекинот на вода во Скопје ќе биде утре по 22:00 часот, сѐ до санирање на дефектот. 

Без вода ќе бидат најголем дел од населбите низ градот, освен Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и Орман.

Останатите корисиници од Скопје ќе бидат без вода, посочуваат од претпријатието.

За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.

Како што појаснија, станува збор за повеќе затворачи на главниот цевковод од десната страна на реката Вардар, почнувајќи од СП – трговскиот во Ѓорче Петров, Порта Влае, Карпош, Тафталиџе, Водно, Центар, Кисела Вода, Драчево, Пинтија, 11 Октомври, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, сè до Зелениково и Студеничани. 

Покрај оваа локација, од „Водовод и канализација“ информираат дека ќе бидат санирани уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод, и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до крстосницата на булевар „Партизански одреди“ со улица „Никола Парапунов“.

Затварањето ќе биде извршено на затварач Ф-1600, кој локациски се наоѓа во кругот на касарната во Ѓорче Петров, со што во моментот на отпочнување со санација неопходно е затварање на вода на главниот градски цевковод Ф-1600 милиметри. Затварање на вода на главниот градски вод Ф-1600 милиметри се прави еднаш на педесет години, а последно такво затварање било 1991/1992 година за реализација на водоводен приклучок на бунарското подрачје Лепенец. За решавање на дефект од овој тип се изготви оперативен план со кој поефикасно и побрзо ќе се санира. Со овој зафат покрај тоа што се врши санација на дефектите на претходно споменатите затворачи, дирекно ќе се намали загубата на вода од нивно протекување и ќе овозможи ревитализација на потегот од Ѓорче Петров до Карпош, се вели во соопштението.

Потенцираат дека системска промена на пет децении стари затворачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна со цел зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа.

Со воспоставувње на зони како адекватен метод за контрола на загубите на вода се овозможуваат услови за значително редуцирање на времето потребно за санација на дефекти, а овој зафат е дел од фундаменталната стратегија во намалување на загубата на вода во водоводниот систем, дополнуваат оттаму.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во вторникот на акцијата за засадување на дрва кај новиот Мега Парк во општина Карпош, во врска со најавениот прекин рече дека нема да има потреба од дотур на вода, затоа што санацијата на дефектот нема да трае повеќе од една редовна санација на кој било друг дефект во градот.

Во одговор на новинарско прашање, Арсовска рече дека очекува санацијата на дефектот да биде завршена во текот на едно деноноќие, односно како што рече, согласно планот изготвен од страна на техничките лица од јавните скопски претпријатија, санацијата се очекува да биде завршена во што е можно во пократок рок.

Овој дефект е еден од четирите што ќе се санира и што ќе биде завршено во текот на викендот. Техничките лица на јавните скопски претпријатија се подготвени согласно планот да направат што е можно во пократок рок, така што за истото нема да има никаква потреба од дотур на вода, затоа што нема да трае ништо повеќе од една редовна санација на кој било дефект што го имаме во градот, рече Арсовска.

TAGGED:водапрекинСкопје
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
Следна статија ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Exploring the thrill of casino gaming What every player should know

Exploring the thrill of casino gaming…

March 4, 2026

Unlocking the secrets of casino success Strategies for winning big

Unlocking the secrets of casino success…

March 4, 2026

Die Psychologie der Spieler in der Casino-Welt erkunden

Die Psychologie der Spieler in der…

March 4, 2026

Odkryj sekrety zwycięskich strategii w kasynach online

Odkryj sekrety zwycięskich strategii w kasynach…

March 4, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

ОЈО ГОКК: Барањето за амнестија на обвинетите во „Организатори на 27 април“ не може да се спори

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави мислење до Основниот кривичен суд Скопје за примената на Законот…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Процесот на пристапување во ЕУ со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме

Процесот на пристапување во Европската унија со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме, вели во…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Од 1 јануари трајно одземање на возило доколку се управува безобѕирно

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси- Министерството за енергетика со нов тарифник воведува ред и фер наплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства и фер наплата, од…

December 26, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?