strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.
ЕКОНОМИЈА

Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

Објавено December 18, 2024 13:41
strana.mk
Сподели
Сподели

На 17 декември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата беше оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со постепеното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Оттука, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%. На седницата беше донесена одлука за намалување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,95% и 4%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Со ваквата промена на каматните стапки се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, што е условено од натамошното присуство на ризиците поврзани со надворешното окружување, но и со домашните фактори коишто влијаат врз агрегатната побарувачка. И натаму се очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки, ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

Одлуката за монетарната политика е заснована на оцените за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата, како и на постојаните поволни движења на девизниот пазар. Годишната стапка на инфлација очекувано забрза во ноември и изнесува 4,3% (3,5% во октомври), заради цените на храната. Ова во голем дел се објаснува со пониската споредбена основа од истиот период минатата година, заради мерките преземени тогаш за привремено ограничување на растот на цените. Притоа, базичната инфлација бележи забавување на годишна основа, а има и натамошен пад на цените кај енергетската компонента. Ефектите од споредбената основа кај цените на храната ќе имаат продолжено влијание, односно до крајот на годината се очекува задржување на годишната стапка на инфлација близу до минатомесечното ниво. И покрај ваквите движења, во просек за целата 2024 година се очекува дека инфлацијата ќе изнесува 3,5%, односно во рамките на проектираната стапка, според октомврискиот циклус проекции. Во анкетите на ЕК за очекувањата на потрошувачите и натаму преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Во однос на берзанските цени на примарните производи, според најновите прогнози тие се ревидирани надолу, во согласност со намалената глобална побарувачка.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на ноември изнесува 4.920 милиони евра, што е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во согласност со поволните движења на девизниот пазар, Народната банка од почетокот на годината интервенира со нето-откуп на девизи, што придонесе и за подобри остварувања кај девизните резерви од очекувањата. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во октомври 2024 година засега е понизок во споредба со очекувањата за четвртиот квартал од октомврискиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со крајот на ноември се во согласност со проектираните нето-приливи од приватните трансфери. Остварениот суфицит во тековната сметка на билансот на плаќања во третиот квартал од 2024 година е речиси на нивото од октомвриската проекција, при остварени нето-финансиски одливи во согласност со очекуваните.

Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), како фактор којшто Народната банка исто така го има предвид, на последната седница во декември по четврти пат оваа година беше донесена одлука за намалување на каматните стапки за 0,25 п.п.

Економскиот раст во третиот квартал на 2024 година умерено забрза и достигна 3%, што е блиску до проекциите на Народната банка. Растот остварен во првите три квартали од годината изнесува 2,6% и е малку повисок од очекуваниот, при нагорни ревизии во податоците за првата половина на годината. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот и динамиката на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти.

Во монетарниот сектор, депозитите и кредитите бележат солидни стапки на раст и движењата засега се подобри од очекувањата за последниот квартал од годината.

Општо земено, најновите остварувања кај клучните макроекономски показатели, како и согледувањата во однос на нивната идна патека, создадоа простор за натамошно нормализирање на монетарната политика. Ризиците поврзани со надворешното окружување и понатаму постојат, а со внимателност се следат и потенцијалните ризици од домашните фактори коишто би можеле да влијаат на побарувачката и на цените во следниот период. Оттука, водењето внимателни макроекономски политики ќе биде приоритет и во иднина. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок.

TAGGED:каматна стапканародна банка
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Струјата ќе поскапи 0,92 отсто, за сметка од 2300 денари ќе се плаќа 21 денар
Следна статија Го оштетил буџетот на МВР за скоро 80.000 денари – поднесена пријава за злоупотреба на службена положба

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински…

June 30, 2025
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од…

June 29, 2025

Еди Рама во Скопје доследен на својот моден стил

Премиерот Еди Рама е во Скопје…

June 30, 2025

На „шарените“ во Белград откако им пропадна протестот сега блокираат раскрсници

Студентите во блокада во Србија ги…

June 30, 2025

(ФОТО) Mицкоски ги пречека лидерите од регионот

Вечерва имав чест да сум домаќин…

June 30, 2025

Николоски: Во патната инфраструктура изминатата година се направи повеќе отколку во последните девет години

Изминатата година во изградбата на патната…

June 30, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Редица пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје за подигнување на ваучерите за инвертери

Пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ утрово стотици луѓе чекаат ред за да ги земат ваучерите за инвертер клими. Редиците се…

November 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Гувернерката Ангеловска-Бежоска очекува наскоро да биде одобрено нашето членство во СЕПА од Европскиот совет за плаќања

Со цел да се поддржи процесот на имплементација на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) за шестте земји од…

January 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДИЗ: Пратката од Македонија за Хрватска содржи свеж кељ, а не зелка и нема пестициди

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) излезе со соопштение по добивањето на известување од системот за брзо известување на ЕУ (RASAFF…

January 24, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Најмалку десет нови дестинации преку двата аеродрома, нови инвестиции во железницата

Најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, како и силен инвестициски циклус во железницата, најави…

October 3, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?