,,СДС нека се зафати да си го исчисти својот двор, нека го заврши отчетниот конгрес за своите претходни 7 години работа, нека одржи еден нормален состанок, а потоа нека се зафати со работата на новата Влада”, изјави Софија Куновска на гостување на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.
Според неа ако правиме една оценка ова се всушност последици од владеењето на СДС и ДУИ. Оттука, вели Куновска, потребно е да дојде нов свеж бран т.е простор на новата Влада да ги санира истите и да покаже дека ги реализира своите ветувања.