strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Лефков: За седум години власт на СДС немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на загадувањето на животната средина
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Лефков: За седум години власт на СДС немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на загадувањето на животната средина
ПОЛИТИКА

Лефков: За седум години власт на СДС немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на загадувањето на животната средина

Објавено November 12, 2024 20:06
strana.mk
Сподели
Сподели

На вечерашното гостување на Канал 5, во емисијата „Само Вистина” присуствуваше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков и се зборуваше за актуелната тема во моментов која е загадениот воздух при што нагласи дека загадувањето е сложен проблем кој во голема мера е предизвикан од начинот на затоплување како на домаќинствата така и на јавните институции.

Во насока на решавање на овој голем проблем кој бара сеопфатно системско решение, Лефков посочи дека министерството за здравство веќе најави дека во десет болници ќе се промени начинот на загревање кој што моментално е на мазут.

„Загадувањето е еден сложен проблем кој што доаѓа и од начинот на греење на јавните институции и енергетските коишто се користат во управувањето со ѓубрето. Многу важно за ова е да се реализираат оние проекти кои што се однесуваат на промена на начинот на загревање на јавните институции, нешто што видовме дека го најави министерот за здравство, дека во десет болници ќе се промени начинот на греење на мазут затоа што тоа загадува дополнително”, рече Лефков.

Тој потенцираше дека е важно да продолжат проектите на Европската Унија за изградба на регионални депонии како и секаде во светот кои што функционираат со селекција на отпад со инсенeратор.

„Важно е да продолжат проектите на Европската Унија за изградба на регионални депонии затоа што од Италија до Шведска и насекаде на тој начин функционираат со селекција на отпад со инсенератор. А, важно е да напоменеме дека повикот за изградбата на регионалната депонија во источниот регион веќе е отворен, постои и го има на ЕУ тендер објавен е и трае до втори февруари. Има рок на изградба во неколку фази и вкупен рок на изградба во рок од 900 дена, односно три години и тоа е единствен начин постепено во државата, преку замена на горивата коишто се користат“, посочи Лефков.

Лефков истакна дека во изминатите седум години при анализа на извештаите на јавното обвинителство по структура на криминалитет на кривични дела немало ниту едно кривично дело кое што се однесувало на животната средина.

„Јас тоа го наоѓам како забелешка кога ќе ги погледнете извештаите на јавното обвинителство по структура на криминалитет на кривични дела кои што се гонат во изминативе седум години од кривичните дела кои што се однесуваат на животната средина имаше нула кривични дела за кои што се постапува, неколку години во кои воопшто не се водеше грижа“ рече Лефков.

TAGGED:миле лефков
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Немаше администратори, туку окупатори – Скопје не е само град, тоа е душата на Македонија
Следна статија Експлодира бојлер во стан во Нови Сад, маж пренесен во Институтот за белодробни заболувања

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Попладнево во Крива Паланка беше приведен…

December 2, 2025

(ВИДЕО) Николоски: Пробиени 17 километри од новиот автопат Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8

На делницата Скопје – Струга –…

December 1, 2025

(ВИДЕО) Започна новата лизгачка сезона во СЦ „Борис Трајковски“

Официјално започна новата лизгачка сезона во…

November 29, 2025

(ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја…

November 24, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

Вреди им врати на ДУИ за скандирањето во Куманово: Партија што никогаш не почувствувала срам нема ни морал ни право да зборува

Партиите денеска ги осудија неприфатливите скандирања на поединци за време на вчерашниот кошаркарски натпревар помеѓу националниот тим на Македонија и…

August 3, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: „Пониква“ не е соодветна, власта импровизира со здравјето на повредените од Кочани

Најавата дека Владата планира да го отстапи одморалиштето „Пониква“ како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во…

June 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: И по цена на мојата политичка кариера, преземам одговорност за уставните измени

Лично преземам целосна одговорност и го преземам целокупниот товар, па дури и по цена на мојата политичка кариера, за да…

April 8, 2025
ПОЛИТИКА

Трагедијата во Кочани главна тема на средбата Сиљановска Давкова-Радев, се разговарало и за евроинтеграциите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со шефот на бугарската држава Румен Радев во рамки на „Акаба процес Балкан…

April 4, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?