Фудбалерите на Ливерпул ја забележаа 20. победа во 28. првенствен натпревар во Премиер лигата со што имаат отворен пат до пехарот за оваа натпреварувачка 2024/2025.
Ливерпул поведе со гол на Собослаи уште во 11. минута од натпреварот, тоа беше и резултатот од првиот дел.
Во 63. минута по асистенција од Салах, Мекалистер зголеми на 2-0. До крајот на мечот немаше други погодоци.
Ливерпул по денешните натпревари дополнително ја зголеми разликата на врвот со оглед на тоа што Арсенал одигра реми кај Нотингем форест.
Црвените сега имаат дури 13 бодови предност пред топчиите кои имаат натпревар помалку.