Манчестер Јунајтед по пауза од осум години одново ќе игра трофејот во Лига Европa. „Црвените ѓаволи“ повторно го совладаа Атлетик Билбао и со вкупни 7-1 ќе патуваат во финалето, кое се игра на „Сан Мамеш“ во Билбао.
По триумфот на гости во Шпанија од 0-3, момците на Тубен Аморим си поиграа со нервите на своите фанови и по пресврт го совладаа баскијскиот тим со 4-1 (0-1).
Противник на Манчестер Јунајтед во финалето ќе биде Тотенхем, тим кој исто така има очајна сезона во Премиер лигата, па пресметките за лондончани се идентични како и оние на клубот од „Олд Трафорд“. „Петлите“ во полуфиналето го елиминираа Бодо/Глимт со вкупни 5-1.
Во Лондон беше 3-1, додека во Норвешка момците на Анѓе Постекоглу славеа со 2-0.Големото финале на „Сан Мамеш“ се игра на 21 мај.