strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Министерството за животна средина ќе префрли 400.000 евра за чистење на линданот од ОХИС
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерството за животна средина ќе префрли 400.000 евра за чистење на линданот од ОХИС
МАКЕДОНИЈА

Министерството за животна средина ќе префрли 400.000 евра за чистење на линданот од ОХИС

Објавено October 23, 2024 14:03
strana.mk
Сподели
Сподели

Владата на седница донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата наменети за чистење на контаминираната локација во ОХИС на сметката на Мулти-партнерскиот фонд за животна средина, во висина од 24.453.000 денари.

Од Министерството велат дека со ова, нашата држава ги исполнува обврските за обезбедување на средства на годишно ниво, согласно одлуката на Владата од 2013, на која се обврза дека со постепено одвојување на средства ќе го поддржи елиминирањето ка контаминираниот материјал од кругот на ОХИС.

Мулти-партнерскиот фонд за животна средина е фонд кој е формиран од страна на Владата со цел да се мобилизираат средства од повеќе извори за решавање на долгогодишниот проблем со историскиот отпад во кругот на ОХИС. За администрирање со средствата од овој фонд е задолжен УНОПС како имплементациона агенција која исто така има обврска да мобилизира дополнителни средства за комплетна ремедијација на малата депонија и изнаоѓање решенија за големата депонија, што е наведено во договорот за формирање на фондот помеѓу Владата на Република Македонија и УНОПС.

До сега се спроведени активности за чистење на малата депонија распределени на ЛОТ 1, ЛОТ 2, ЛОТ 3 и ЛОТ 4, согласно процедурите од јавна набавка објавена од страна на УНИДО и УНОПС.

Активностите на ЛОТ 1 започнаа во септември 2021 година, на ЛОТ 2 во јуни 2022 година, на ЛОТ 3 во јуни 2023 година и ЛОТ 4 во март 2024 година. Собраниот високо концентриран HCH отпад е транспортиран и уништен во погоните на Треди во Франција додека почвата контаминирана со HCH се транспортира во постројката Индавер во Германија.

Досега се транспортирани и уништени 1.932,35 тони високо концентриран HCH отпад и 586,37 тони почва контаминирана со HCH.

За реализација на активностите се изработени Планови за ремедијација за секој поединечен ЛОТ, доставени од страна на компанијата „Polyeco“ од Р. Грција, компанија кoja е избрана од страна на УНИДО и УНОПС преку постапка за јавна набавка.

За реализација на активностите се изработени Планови за ремедијација за секој поединечен ЛОТ, доставени од страна на компанијата „Polyeco“ од Р. Грција, компанија кoja е избрана од страна на УНИДО и УНОПС преку постапка за јавна набавка.

Според досегашните испитувања, остануваат да се отстранат уште 300 тона високо концентриран HCH отпад и 1.500 тона почва контаминирана со HCH изомери.

TAGGED:ЛинданОхис
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата
Следна статија Мицкоски иницира изготвување стратегија на државата до 2050-тата, за да не исчезне Македонија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

(ВИДЕО) Јаневска на настан му сугерираше на Касами да зборува на македонски, од Вреди ја искараа оти не знаела албански

Владејачката коалиција ВЛЕН изрази жалење за…

November 10, 2025

(ВИДЕО) Руски бизнисмен загина откако со Ламборџини удрил во ограда и се запалил

Руски крипто милионер загина во ужасна…

November 9, 2025

(ВИДЕО) Тенерифе погодено од џиновски бранови: Три лица загинаа, 15 се повредени

Џиновски бранови однесоа десетина луѓе во…

November 9, 2025

Каде ќе се движи градскиот воз? Николоски сподели видео на Фејсбук

„Градскиот воз станува реалност. Отпочна изградбата…

November 8, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Утре кажете си ја ОВАА молитва: На втор ден Божиќ даваме чест на Пресветата Божја Мајка

На вториот ден од Божик, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈАСВЕТ

Светска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата”

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата”, во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо…

September 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Херојот од Чучер-Сандево, младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба

Младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба и е згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје. Оваа информација ја…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети кој беше ставен на црната листа на САД

удскиот совет вчера го разрешил апелациониот судија Енвер Беџети, кој од декември 2024 година е ставен на црната листа на…

May 27, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?