strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме

Објавено November 11, 2024 11:30
strana.mk
Сподели
Сподели

Во подкастот ,,ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, Марија Митева, портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на тековните состојби во македонска политика и патот, кој според неа, треба да го следи Република Македонија. Митева ги укажа и недостатоците на претходните влади во справувањето со политичките реалности. Таа ја нагласи клучната разлика помеѓу актуелните политички опции и нивниот пристап кон надворешната политика, економијата и евроинтеграциите, кои треба да бидат во служба на националните интереси и вистинските потреби на граѓаните.

-Остануваме на ставот кој што го имавме и во предизборието и многу години наназад, дека едноставно можеби е дојдено времето кога треба да ги стопираме сите тие состојби со кои што се соочувавме, особено во делот на надворешната политика, а кои беа резултат на водење политика од страна на политичари кои несериозно ја сфатија улогата што ја имаа, се со цел да можат нивните состојби на криминал и корупција од една страна лесно да се кријат, додека постојано зборуваа за Европа и ЕУ, изјави Митева

Митева се фокусираше и на тоа како ваквата политика довела до сериозни проблеми, не само за политичките партии, туку и за самите граѓани. Според неа, присутен бил неусогласен пристап во дипломатските односи, кој не соодветствувал со очекувањата на граѓаните.

-Имавме пристап во дипломатијата кој не соодвествуваше со очекувањата и она што граѓаните го бараа, но мислам дека тоа време е зад нас. Треба да се фокусираме на тоа како ние треба да направиме чекор нанапред, и тоа всушност е целта на оваа Влада, рече Митева

Митева ја истакна и активноста на ВМРО-ДПМНЕ која е резултат на искреноста во презентирањето на реалните состојби и проблеми во земјава, и ја нагласи несогласноста со политичките ветувања кои останале неисполнети во минатото.

-Успеавме да ги презентираме реалните состојби кои што ги има во нашата држава, и тука кога зборувам за реалните, зборувам за преносење на пораката кон сите засегнати страни за тоа каква е состојбата. Затоа што во минатото се ветувало нешто што не можело да се реализира, изјави Митева

Во однос на тоа дали актуелната Влада е подобро да го игнорира проблемот и да најде решение Митева истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема пристап на игнорирање на проблемите.

-Немаме пристап во Владата на игнорирање на проблемите, напротив, имаме пристап на наоѓање решенија како да ги подобриме состојбите, без разлика дали станува збор за економијата, политиката или полноправното членство во ЕУ, катеогрична е Митева

Според Митева, чесноста и отвореноста во комуникацијата со јавноста се клучни за успехот во дипломатијата и надворешната политика.

-Знаеме како течеле разговорите, знаеме што ветувале, и ја кажуваме реалната состојба. Мислам дека со еден таков чесен пристап, особено во делот на надворешната политика и дипломатијата, луѓето кои што ја работат таа работа, а кои имаат огромно искуство, ќе успеат да не презентираат нас пред се како граѓани и да ги презентираат позициите кои што ги имаме, изјави Митева

Митева ја подвлече и важноста на евроинтеграциите, нагласувајќи дека Македонија мора да продолжи на патот кон ЕУ, и упати дека покрај сите предизвици, Влада која е посветена на реформи и отворена за вистинска дипломатија, ќе го води народот кон посветла иднина.

-Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме, заклучи Митева.

TAGGED:марија митева
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Економската политика на Трамп: Царини за увоз и намалувања на даноците
Следна статија (Видео) Украинците објавија снимка: Го запаливме рускиот „летечки тенк“ во нападот на Москва

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Нова провокација: Бугарски здруженија најавуваат дека ќе делат маици „Бугарија“ во средни училишта во Скопје

Фејсбук страницата „Историски податоци за Македонија“…

November 11, 2025

(ВИДЕО) Јаневска на настан му сугерираше на Касами да зборува на македонски, од Вреди ја искараа оти не знаела албански

Владејачката коалиција ВЛЕН изрази жалење за…

November 10, 2025

(ВИДЕО) Руски бизнисмен загина откако со Ламборџини удрил во ограда и се запалил

Руски крипто милионер загина во ужасна…

November 9, 2025

(ВИДЕО) Тенерифе погодено од џиновски бранови: Три лица загинаа, 15 се повредени

Џиновски бранови однесоа десетина луѓе во…

November 9, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Видео: Ретка снимка од Скопје по земјотресот во 1963 година

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Во секое време сум подготвен на разговор за каква било идеја за национално помирување

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Радев: Бугарија нема да постави услови надвор од договорот, преговарачката рамка и двата протокола

Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Проект за 250 евра ваучер за таблети за сите студенти и до 10.000 евра за бизнис за млади

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше мега проекти за младите. -ВМРО-ДПМНЕ го прави тоа за младите кои се сила, иднина…

October 7, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?