strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата до крајот на годината
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата до крајот на годината
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата до крајот на годината

Објавено May 18, 2025 16:44
strana.mk
Сподели
Сподели

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје истакна дека примерот за промени мора да го дадеме ние. Тој најави дека веднаш по редовиот конгрес на крајот на годинава, најдоцна на почеток на наредната ќе има големи промени во партијата и во Владата. 

Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам. Го кажувам уште сега, за да се знае и да испратам порака дека единственото нешто што вреди, единственото најголемо нешто што човек може да го остави зад себе е образот и честа. И ќе дадам се тоа да остане најчистиот дел од нашата работа. Тоа сите заедно му го должиме на народот. Немаме време за губење и немаме простор да создаваме нови разочарувања кај луѓето кои веќе со децении наназад се изгорени од разни неискрени и корумпирани политичари, порача Мицкоски, .

Тој истакна дека ќе ја санкционира секоја забеганост и ќе ги разреши сите оние кои „ќе не посрамотат како структура и како луѓе“. Мицкоски додаде дека примерот за промени мора да го дадеме ние, и од секој од нас зависи како и со каков интензитет ќе се случуваат промените.

Мицкоски најави и сериозни мерки во делот на цените и стандардот, како и поддршка на стопанството. 

Свесен сум дека во Македонија тешко се живее и животот е скап. Да не преземевме некои мерки, и да беа другите од претходно на власт, како беше тргната работата, ќе заглавевме во уште поголеми долгови и инфлација и ќе се случеше целосен банкрот. И ова не го кажувам како изговор, туку како поглед кон реалноста, како израз на свесност како се живее, и во кои услови ние сега работиме. Планираме сериозни мерки во делот на цените и стандардот. Преку раздвижување на економијата и сетови на мерки за подобар стандард. Планираме многу нови проекти кои ќе помогнат на компаниите да растата, да создаваат работни места и да ги зголемуваат платите, тоа е нашата идеологија, да помагаме на компаниите за да создаваат раст и добри работни места и да ја движат економијата, затоа што веруваме во потенцијалите на луѓето, веруваме во нивната иновативност,креативност, претприемачки дух, и ќе вложуваме многу во поттикнување на мали и средни бизниси и ќе вложуваме во луѓето преку финансиска поддршка, грантови, субвенции, директни финансирања на проекти, но и образовни програми и едукативни курсеви за да се подготват нашите луѓе за времето кое го живееме, време на вештачка интелигенции, иновативни техонологии, комуникациска револуција, рече Мицкоски.

Тој се осврна и на актуелните политички состојби и посочи дека ВМРО ДПМНЕ се подготвува за интензивно за локалните избори. Најави дека кандидатите за градоначалници ќе ги објават во два циклуса, а првиот ќе почне крајот на месецов по одржани состаноци на ИК и ЦК на ВМРО ДПМНЕ. 

Тоа што можам да го соопштам и кое ми е чест, задоволство но и голема обврска и товар истовремено е дека нашите кандидати водат со 4 до 5 спрема 1 во однос на сите кандидати на опозицијата во буквално сите општини. Не само што водат нашите најдобри кандидати, туку водат и останати тројца на листите чии имиња се истражуваат. ВМРО ДПМНЕ победува на овие избори а опозицијата прашање е дали ќе освои 2 до 4 општини. А ако продолжи вака како што тргнале може да не освои ниту една, истакна Мицкоски.  

Премиерот наведе дека заминувањето на Таравари од Владата „е еден потсетник за сите дека додека настапуваме искрено и принципиелно кон луѓето и промените, тие не се заинтересирани за идеја, визија и промени, туку за нешто друго“.

Го гледам, иако гласно не го коментирам она постојано заканување кое доаѓа од еден лик од албанската опозиција кој знае дека после овие избори го чека пензија. Сакам да му порачам дека неговите калкулации на долг рок нема да му испаднат добро за неговата партија. И дека со ваквото однесување на излегување и влегување во влада, кое е рамно на она “како до сега” нема да помине долго кога и неговите сегашни партнери од ДУИ ќе сфатат дека нивното партнерство е со времен карактер додека некој не му даде подобра понуда или не го уцени за нешто што му е побитно од ова сега. Јас така политика не водам. Можеби звучам наивно, но како што секогаш говорам промените започнуваат од нас, и ние треба да бидеме она што сакаме да го постигнеме, и тоа што граѓаните го очекуваат од нас, искрени луѓе, кои нема да калкулираат и да играат игри, и преку интигри, уцени, злоупотреби ќе се одржуваат на власт, туку ќе ја кажуваат вистината секогаш и ќе бидат принпципиелни и доследни на својот збор. Ако не сме доследни на зборот, тогаш џабе ни е се. И јас таков и ќе бидам, истакна Мицкоски.

Мицкоски порача и да не се злопотребува трагедијата во Кочани и најави редовни состаноци со роднините на настраданите. 

Сакам да предупредам дека многу нечовечки безобразно и некрофилски се злоупотребува огромната трагедија во Кочани. Тоа можев и да го чујам од роднините на настраданите кои минатата недела ги видов во Владата. Со огромна почит кон тие луѓе и отворен разговор, споределувајќи ја заедничката болка заради трагедијата која се случи дискутиравме за повеќе аспекти и за она кое е во надлежност на Владата и можности да се помогне во расчистување на случајот и да се помогне на семејствата во справување со тагата и предизвиците на животот во една ваква ситуација. Оваа трагедија не смее да се злоупотребува, и сите кои имаат своја вина која придонела да се случи ваква трагедија мора да одговараат, и системот мора да се менува и да има правда, и во тоа заеднички сме одлучни и ние сме подготвени заеднички да продолжиме да работиме и да комуницираме и да помагаме за се поврзано со нив. Нашата обврска и одговорност како Влада е токму тоа да бидеме рамо до рамо со нашите сограѓани кога тоа им е најмогу потребно. Тоа беше исклучително тешка средба за мене, разговарајќи со нив, душата ми плачеше, а стисокот на нивната рака ми е потпора и на мене во нашата заедничка борба за доброто на оваа наша заедничка татковин, порача Мицкоски.

Тој најави дека ќе има редовни состаноци со родителите на настраданите, како што рече, со сите кои сакаат да дојдат, а оние кои од оправдани причини не сакаат ќе појде тој кај нив“.

Периодов и јас и Владата стоиме на располагање се што е потребно да направиме и да не дозволиме оние политички глодари и некрофили  да ја злоупотребуваат политички оваа трагедија. Сите сме Кочани и сите треба да направиме нешто за Кочани, рече Мицкоски.  

Премиерот се осврна и на стратешкиот договор со Велика Британија за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области, повторувајќи дека градење мигрантски кампови „ниту му паднало на памет ниту било побарано“, а тоа јасно го кажал и британскиот амбасадор во државава. 

Овој договор е мојот нов договор за Македонија по примерот на оној кој го обзнани американскиот претседател Рузвел и кој епознат во историјата. Овој договор значи отворање на работни места, равој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи гигантски проекти какви што досега немало, инвестиции во железници преку брзи лини, автопати и патишта, болници, образование и други сектори. Ова е договор кој на Македонија ќе и донесе пари за да работи и инвестира во својот напредок во вредност од 6 милијарди евра!, порача Мицкоски.

TAGGED:ВладаВМРО ДПМНЕМицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ќе има зголемено производство, но каква ќе биде цената!? Почна садењето на тутунот во Прилепско
Следна статија Путин: Ќе ставиме крај на војната под наши услови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите пациенти ја добиваат потребната терапија, достапни се лековите за третман на Онкологија

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат…

June 30, 2025
Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински…

June 30, 2025

Кос не може да ни даде гаранции ни ако го смениме Уставот

Нашата политичка цел е да отворат…

July 1, 2025

Илон Маск се заканува дека ќе формира партија ако Конгресот го усвои законот на Трамп

Извршниот директор на платформата „X“ и…

July 1, 2025

Идентитетот не е само кујната, туку и Делчев, Сандански, Шапкарев: Мицкоски во услови без гаранции, очекува секаков инженеринг во ЕП

Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент…

July 1, 2025

Од петок „One stop shop“ со Србија, се очекува многу побрзо поминување на граница

Овој петок се очекува на граничниот…

July 1, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Муцунски не очекува резолуцијата во ОН да има последици врз патот кон членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува резолуцијата во Обединетите нации за Украина, која беше подготвена…

February 28, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар

Денес, од овде-од срцето на Полог-го испраќаме најсилниот одговор на сите скептици и на сите што со години зборуваа, а…

May 3, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Тошковски: Пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства

Пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Вчера на 16.03…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Исто како и на ланскиот првомајски протест, и оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците и…

April 30, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?