strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел: во фокусот понатамошната интеграција на регионот
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел: во фокусот понатамошната интеграција на регионот
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел: во фокусот понатамошната интеграција на регионот

Објавено December 18, 2024 08:14
strana.mk
Сподели
Сподели

Имплементацијата на Планот за раст на Западниот Балкан, напорите за регионална интеграција, како и можностите за натамошно унапредување на постепената интеграција меѓу Европската Унија и регионот, ќе бидат главни теми на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашања Орхан Муртезани.

Како што најави Владата, покрај учеството на Самитот, премиерот Мицкоски ќе има средби и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со неговите колеги од Шпанија и Полска, Педро Санчез и Доналд Туск.

Мицкоски ќе учествува и на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), кој ќе се одржи пред средбата на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ.

Во пресрет на посетата на Брисел, премиерот Мицкоски во саботата изјави дека пораките кои доаѓаат од таму „не се баш така јасни“, но дека нашата порака е јасна оти ние доволно направивме како ниту една држава во ЕУ.

– Ние ќе продолжиме да промовираме европски вредности, ќе си ја вршиме домашната задача, ако се подготвени да најдеме конструктивно решение и да го продолжиме патот во ред, во секое време сме подготвени позитивно да одговориме на таквото барање, во спротивно можам да заклучам дека ние како држава, Балканот, за жал не сме во фокусот на оваа администрација на Брисел, изјави Мицкоски.

Според него, во Брисел има политичари кои „одлучија да бидат заложници на политичари кои се уште се со мислите во средниот век, наместо да гледаат кон 21 и 22 век“.

– Ние повеќе отстапки немаме намера да правиме додека сме Влада. Ако си најдат некоја друга Влада тогаш нека си ја донесат, нека прави. Ова Влада такви отстапки нема да прави затоа што не е аргументот – тоа е тоа, знаете 27 се тука. Тој аргумент не води таму каде што сме денес, дециден беше премиерот.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во интервју со петмина новинари од медиуми од Западниот Балкан, меѓу кои и МИА, порача дека мора да се работи на целосно исполнување на обврските на земјава, кои се предуслов таа формално да ги отвори пристапните преговори.

– Секако, неопходно е да се почитува она што Северна Македонија го оствари и мислам дека е многу важно да се постигне зајакнување на довербата меѓу Северна Македонија и нејзините соседи, особено Бугарија. Мора да работиме за да обезбедиме Северна Македонија целосно да ги исполни своите обврски, кои се предуслов формално да ги отвори преговорите. Имам голема почит кон напорите што Северна Македонија ги направи во минатото за надминување на пречките, особено со Грција. Тоа е земја кој дури го промени своето име за да ги надмине овие пречки, нагласи Кошта.

Инаку, во најавата на Европскиот совет за Самитот ЕУ-Западен Балкан, се посочува дека лидерите на Унијата и на земјите од регионот ќе го искористат состанокот како можност за продолжување на новиот моментум во нивното стратешко партнерство, вклучително и размислувања за тоа како да се продлабочи тоа партнерство со цел европските партнери од регионот да се движат кон заедничка иднина во Европската Унија.

Предвидено е на Самитот, кој почнува доцна попладнево, да стане збор и за унапредување на интеграцијата на Западниот Балкан со ЕУ преку Планот за раст на регионот, продлабочување на соработката во повеќе области, вклучително и надворешната и безбедносната политика, изградбата на економска основа за заедничката иднината, ублажување на влијанието на руската агресија врз Украина, справувањето со миграцијата и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

На работната вечера на Самитот, лидерите ќе разговараат и за геополитичкиот контекст и предизвиците што ги засегаат ЕУ и регионот на Западниот Балкан. Кошта, кој ќе претседава со Самитот, во поканата за собирот посочува дека „сегашниот геополитички контекст бара да се даде нов моментум на работата на ЕУ со земјите од регионот“.

Во однос на зајакнување на интеграцијата меѓу ЕУ и Западниот Балкан преку Планот за раст во најавата се наведува дека Унијата е посветена на приближување на партнерите од регионот кон блокот уште во текот на процесот на проширување.

– Нивната постепена интеграција веќе започна во различни области на политиката, подготвувајќи го теренот за пристапување и носејќи конкретни придобивки за граѓаните. Инициран во 2023 година, Планот за раст има за цел дополнително да ги интегрира партнерите од Западниот Балкан во единствениот пазар на ЕУ преку унапредување на регионалната економска соработка, како и да ги поттикне неопходните реформи поврзани со ЕУ, се наведува во најавата.

Според Унијата, Планот за раст има потенцијал да го удвои економскиот раст во регионот во текот на следната деценија и да ја забрза социо-економската конвергенција меѓу Западниот Балкан и ЕУ, под услов партнерите да ги спроведат реформите поврзани со нивниот европски пат што ги поставија во нивните соодветни реформски агенди.

Кога станува збор за политичкиот ангажман меѓу ЕУ и Западниот Балкан во повеќе области, Унијата има за цел дополнително да ја зајакне соработката со партнерите од регионот во сферата на надворешната и безбедносната политика, безбедност и одбрана, отпорноста на хибридни и кибер закани и спротивставувањето на странското мешање и дезинформации, како и да ги поттикне контактите меѓу луѓето, пред се младите, преку истражување, иновации, образование и социјална политика.

– ЕУ останува најблискиот партнер на регионот и негов главен инвеститор, трговски партнер и донатор. ЕУ ќе продолжи да ги поддржува своите партнери од Западниот Балкан во нивните напори за ублажување на влијанието што руската агресивна војна против Украина ја има врз нивните економии, општества и безбедност, се посочува во најавата.

Унијата нагласува дека ќе го продолжи својот ангажман со партнерите од Западниот Балкан преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), економскиот и инвестицискиот план, како и пакетот мерки за енергетска поддршка.

Блокот посочува и дека ЕУ и Западниот Балкан имаат заедничка одговорност за справување со заедничките предизвици и во тој контекст треба да ја засилат својата соработка во справувањето со миграцијата, визната политика, борбата против тероризмот, насилниот екстремизам, организираниот криминал и корупцијата, како и зајакнување на правдата и владеење на правото

Предвидено е на крајот на Самитот да биде објавена Завршна-декларација во чиј предлог-текст, во кој МИА имаше увид, се посочува дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ и затоа уште еднаш се потврдуваме заедничката целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на регионот во Унијата.

– Како што е наведено во Декларацијата од Гранада, проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. Од нашиот последен самит има нова динамика во процесот на проширување и забележителен напредок. Забрзувањето на пристапниот процес, заснован на кредибилни реформи од страна на партнерите, правична и ригорозна условеност и принципот на индивидуални заслуги, е во наш заеднички интерес, се наведува во предлог-декларацијата.

Во текстот натаму се посочува дека помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи се сржта на Европската Унија, па затоа од суштинско значење е спроведувањето на меѓународните договори со добра волја и со видливи резултати, вклучително и на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Се уште се потребни решителни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување на дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашањата вкоренети во наследството на партнерите од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи, вклучително и со Договорот за прашањата за сукцесија, како и за случаите на исчезнати лица и прашањата за воените злосторства, се вели во предлог текстот на „Бриселската декларација“ од Самитот ЕУ-Западен Балкан.

TAGGED:мицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата
Следна статија Најдобар во изборот на ФИФА е Бразилецот Винисиус Жуниор

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински…

June 30, 2025
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од…

June 29, 2025

Еди Рама во Скопје доследен на својот моден стил

Премиерот Еди Рама е во Скопје…

June 30, 2025

На „шарените“ во Белград откако им пропадна протестот сега блокираат раскрсници

Студентите во блокада во Србија ги…

June 30, 2025

(ФОТО) Mицкоски ги пречека лидерите од регионот

Вечерва имав чест да сум домаќин…

June 30, 2025

Николоски: Во патната инфраструктура изминатата година се направи повеќе отколку во последните девет години

Изминатата година во изградбата на патната…

June 30, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Муцунски за Atlantic Council: Одлуките донесени во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на НАТО Самитот во Хаг, оствари интервју со етаблираниот…

June 28, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Доаѓаат првите резултати од домаќинското и посветено работење на Владата – Раст на БДП од 3 проценти во третиот квартал

Првпат после 7 години пропаст и стагнација на македонската економија, конечно државата бележи раст на БДП од 3 проценти во…

December 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЕК го објави извештајот за напредокот за 2024, Македонија најавува посветеност на европскиот пат и продолжување на реформите

Европската комисија вчера го објави „Пакетот за проширување“ за 2024 година, кој вклучува и Извештај за напредокот на земјава на…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Започна проектот „Цел Центар на точак”, аплицирајте за субвенција до 3.000 денари

Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Центарци ќе…

March 24, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?