strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски од Берлин: Канцеларот Шолц потврди дека Германија е наш силен сојузник, не водиме политика на свиткана кичма, заслужуваме да ги отвориме поглавјата кон ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски од Берлин: Канцеларот Шолц потврди дека Германија е наш силен сојузник, не водиме политика на свиткана кичма, заслужуваме да ги отвориме поглавјата кон ЕУ
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски од Берлин: Канцеларот Шолц потврди дека Германија е наш силен сојузник, не водиме политика на свиткана кичма, заслужуваме да ги отвориме поглавјата кон ЕУ

Објавено October 15, 2024 10:36
strana.mk
Сподели
Сподели

На маргините од првиот ден на таканаречениот „Берлински процес” кој се одвива во Сојузна Република Германија премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервју за Македонската Телевизија ги истакна впечатоците од бројните средби со политичарите учесници на настанот.

Тој средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц ја оцени за доста продуктивна и потврди дека Германија останува наш силен и активен поддржувач.

Пораката која што овде во Берлин стигна до мене е дека Германија останува наш силен поддржувач, сојузник и партнер во процесот на евроинтеграциите, истакна Мицкоски кој додаде дека истата поддршка беше реафирмирана и од другите лидери на Влади и политички лидери кои учествуваат во процесот.

Премиерот на македонската Влада од Берлин посочи дека пред присутните ги презентирал и приоритетите на владата.

„Ова беше добра можност да ги преставиме нашите планови во делот на економијата и во делот на нашата амбиција да бидеме раскрсница на Балканот, во смисла на тоа да бидеме раскрсница на енергетските текови, патната инфраструктура и железничката инфраструктура, бидејќи и природно и географски, ние сме таа раскрсница на 2 важни европски коридори, коридорот 8 и коридорот 10.“, истакна Мицкоски.

Во делот на енергетиката премиерот Мицкоски истакнал дека целта е да стане државата потполно енергетски независна.

„Наша политичка, но и економска цел е до 2026та година да произведуваме онолку домашно количество на електрична енергија, колку што и ќе трошиме, односно да бидеме 0 увозници на електрична енергија, а до 2027година со реализирање на проектите на овој план и да бидеме извозници, изјави премиерот Мицкоски. Во разговорите на берлинскиот процес Мицкоски го отвори прашањето и за евроинтегративните процеси на државата.

Во делот на евроинтегративните процеси уште еднаш ќе го потенцирав ставот на владата дека премногу имаме, и како народ и како држава во изминатите децении дадено и дека заслужуваме шанса да ги почнеме процесите безусловно, дека заслужуваме да ги отвораме поглавјата и да ги покажеме нашите капацитети за тоа колку бргу ќе ги затвораме.

Притоа останувам подготвен да разговарам со било кого за да изнајдеме решение кое што ќе значи на долг рок вистинско решение со јасен крај, а крајот треба да биде членство на Македонија во рамките на Европската Унија.“, изјави од Берлин премиерот Христијан Мицкоски.

За средбата со канцеларот Шолц, Мицкоски посочи дека таа беше исклучително корисна, пријателска и искрена.

На средбата беа разменети позиции и ставови поврзани по овие, но и по останатите геостратешки прашања коишто се важни за македонските граѓани.

„Ние, не водиме дипломатија на свиткана кичма, туку водиме дипломатија којшто се темели на аргументи. Не водиме дипломатија со која ќе прифаќаме се што ќе ни биде поставено на маса, туку водиме дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани на нашата татковина, а истовремено и ќе работиме со нашите партнери.

Германија е наш најголем поддржувач, наш партнер и убеден сум дека заедно ќе можеме да ги надминеме сите оние предизвици коишто се исправени пред нас и дека ќе се радуваме конечно на членството на нашата татковина во рамките на Европската Унија.“, изјави премиерот Мицкоски.

TAGGED:берлински процесмицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Јужна Кореја објави дека Северна Кореја разнела делови од патот што ги поврзува двете корејски држави
Следна статија Каде завршуваат оштетените американски автомобили и каква улога има Грузија во тоа?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински…

June 30, 2025
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од…

June 29, 2025

Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати

Во врска со барањeто на независните…

July 1, 2025

Електронски свидетелства од наредната учебна година

Од наредната учебна година наместо печатени,…

July 1, 2025

Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати…

July 1, 2025

Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството

Нашата држава чекори по европскиот пат…

July 1, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Зоран Попов e нов в.д. директор на ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена 21 ден поради птичји грип. Од денеска Зоран Попов е именуван за в.д.…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе размислува уште два-три дена за гувернер

Претседателката Сиљановска Давкова денеска нема да го прати предлогот за нов гувернер до собранието. Таа ќе размислува уште два-три дена,…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Свети Архангел Михаил – голем празник за православните христијани

За православните христијани денеска е голем и тежок христијански празник - Свети Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Повеќе од 700 дечиња ќе може да стекнуваат знаење во новото училиште во Ченто

Отпочнеме со една нова градба на основно училиште, каде што од тоа што успеав да го дознам од градоначалникот повеќе…

October 18, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?