strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Приоритет ќе бидат когенеративните термоцентрали да изградиме 4 или 5 такви, планот за чист воздух на СДСМ беше најден со метар прашина
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Приоритет ќе бидат когенеративните термоцентрали да изградиме 4 или 5 такви, планот за чист воздух на СДСМ беше најден со метар прашина
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Приоритет ќе бидат когенеративните термоцентрали да изградиме 4 или 5 такви, планот за чист воздух на СДСМ беше најден со метар прашина

Објавено November 28, 2024 15:18
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека минатата власт не оставила ниту проекти, ниту пари за изградба на когенеративни централи, додека планот за чист воздух за кој зборуваат од 2018 бил заборавен со метар прашина на него, самите СДСМ не можеле да го најдат, а воедно не е точно дека парите во буџетот се намалени за заштита животната средина, поголеми се од тоа што биле.

„Каква е реалноста, што оставивте ниту локација, ниту проект, ниту пари, ништо. Сè уште зборуваме за истите проекти кои на времето сме ги зборувале. Врз основа на сите анализи 60% од овие ПМ 10 и ПМ 2,5 честички доаѓаат поради начинот на затоплување и согорување од фосилно гориво, не се виновни граѓаните таков е стандардот, алтернатива никој не им донел“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеничката Сања Лукаревска.

Мицкоски посочи когенеративните централи ќе бидат приоритет, дека се работи на 4 до 5 вакви локации за да бидат изградени когенеративни термоцентрали што ќе значат и затоплување преку топловодно греење и производство на електрична енергија во оние периоди од годината кога тоа ќе дојде, но бидејќи минатата власт не остави ништо, за да се испроектира сето тоа, тендерот би започнал во 2026 година.

„Во Скопје првата да ја изградиме под услов да не бараме приватен партнер бидејќи не сте оставиле ништо, тендерот најрано ќе се распише 2026 година, до тогаш треба да се сменат планови. Има локации каде има плански документации каде се предвидени такви парцели, тие се три што постојат, две во Скопје и една во Куманово, утре да почнеме за да го испроектираме сето тоа треба најмалку година и половина. Затоа не ги гледате средствата во овој буџет, но ако видите во функции на држава ќе видите дека постојат за ваков тип на активности со прераспределба да го завршиме“, рече Мицкоски.

Во однос на депониите премиерот Мицкоски потенцираше дека во моментот се одглавени 5 милиони евра за Дрисла од ЕУ заглавени од време на СДСМ.

„Во моментот тече тендерот за депонија во Свети Николе финансирана од ЕУ. За години од денеска ќе речат дека е добро затоа што тоа ќе го реши проблемот од Берово и Куманово, отпочнат е процесот за депонија во Новаци и тоа ќе го реши проблемот од Дебар до Битола и Новаци. Недостасува само обиколницата околу Ресен која ќе ја решиме за да не поминуваат камионите во градот, особено не кога има берба на јаболка“, изјави Мицкоски.

Одговарајќи на прашањето за новите автобуси во Скопје, премиерот Мицкоски нагласи дека парите ги нема во овој буџет затоа што истите сега ќе се купат, а отплатата ќе почне во 2028 година.

„Нема да ги видите парите во овој буџет за новите автобуси затоа што ќе бидат купени, а обврските ќе почнат да доспеваат февруари-март 2028 година, во тој буџет во 2028 ќе ги видите, затоа што условот за да влеземе во овој процес е да има најмалку 3 години грејс период и отприлика 100 до 120 автобуси можеме да си дозволиме и тие нема да завршат само во Скопје, туку и во другите градови каде има организиран јавен превоз, најголемиот дел ќе се во Скопје, ние сме влада на цела држава. Ако биде сè како што треба до крај на оваа година очекувам тендерот да биде објавен, сè ќе биде врз основа на законите“, изјави премиерот Мицкоски.

TAGGED:когенеративни термоцентралихристијан мицкоскичист воздух
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Младите во Македонија честопати влегуваат во незаштитени сексуални односи, без да се свесни за последиците
Следна статија Социјалци воделе луксузен живот: Переле пари од онлајн игри на среќа, клиентите им плаќале со криптовалути

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Целосно е реконструирано одделението за системски прегледи во ИЈЗ

Марија тоа многу добро го срочи, би рекол брилијантно и мислам дека…

June 1, 2025
Клековски за РСЕ: Обвинението за Онкологија е порака за целото здравство

Клиниката за онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите…

June 1, 2025

Приведен маж: Ја тепал својата сопруга,а во полиција го пријавила ќерката

На 31.05.2025 година во 20:20 часот…

June 1, 2025

Овие три знаци од 2 до 8 јуни ќе имаат најубава недела

Сонцето патува низ Близнаци, активирајќи комуникација…

June 1, 2025

(ВИДЕО) Мечка со две мали мечиња снимени покрај патот Маврово-Дебар

Снимка од мечка со две мали…

June 1, 2025

За два дена уапсени осум пијани и бесни возачи

Денеска (01.06.) како и вчера во…

June 1, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Пазарниот инспекторат на терен, глобите за непочитување на одлуките за основните прехранбени производи од 500 до 10.000 евра

Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека од денеска нивните инспектори се на терен и ќе вршат контроли дали се почитуваат…

February 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Шпорет за готвење во природа – наградена македонска иновација

Мобилен шпорет за готвење во природа, е македонската иновација што доби награда на регионалниот натпревар „Зелени идеи“. Производот е на…

October 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Преку апликација ќе ги споредуваме цените во маркетите

Премиерот Христијан Мицкоски најави изготвување софтвер и посебна бесплатна апликација со која граѓаните ќе можат веднаш да прават споредба на…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

ПОСЛЕДЕН ДЕН ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ – 04 ПРИЈАВИТЕ

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека денес е последниот ден за поднесување на ДДВ - 04 мсечни и тримесечни…

October 25, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?