strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мицкоски: Процесот на пристапување во ЕУ со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Процесот на пристапување во ЕУ со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Процесот на пристапување во ЕУ со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме

Објавено January 2, 2025 11:14
strana.mk
Сподели
Сподели

Процесот на пристапување во Европската унија со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме, вели во новогодишното интервју премиерот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека ниту еден политичар од Брисел или од светот не кажал „не“, кога ќе им ги презентираат аргументите околу уставните измени. Вели треба да работиме заедно со европските партнери, но приоритет е решавање на домашните задачи.

За тоа дека гаранции немаат ниту другите земји-кандидатки, кои можат да наидат на препрека и откако ќе ги завршат преговорите поради начинот на одлучување во ЕУ, Мицкоски нагласува дека тоа е во ред доколку тие препреки се ставаат заради реални проблеми.

– Точно, се сложувам, но доколку тие пречки се однесуваат на реалните проблеми. И сега овој начин на билатерални спорови и водење на политики и водење на процес гледате каде не’ носи. Сега Хрватска вели Црна Гора не може овој кластер да го затвори поради тоа и тоа. Бугарија вели не може Србија поради тие и тие причини. Сето она кое што започна уште во времето кога нашиот јужен сосед континуирано не’ блокираше и во НАТО и во ЕУ поради билатерално прашање, тоа беше прашањето со името итн., сега полека но сигурно стана пракса. И тука е проблемот кај самата Европска унија мислам најголем затоа што наместо да се видат позитивните искуства од минатото, такво едно позитивно искуство беше спорот помеѓу Хрватска и Словенија и наместо на тој начин да се водат и овие билатерални спорови, кај нас што се случи – билатерализацијата стана алатка, односно наместо ние да станеме Европејци, Европејците станаа Балканци и тоа е најголемиот проблем сега кај нас. Практично, процесот на пристапување на преговори се балканизираше. Наместо ние да се европеизираме, процесот се балканизираше поради ваквиот начин на одлучување. Затоа мораме заедно да работиме надвор, но истовремено ќе повторам приоритет да ни биде решавањето на домашните задачи, истакнува Мицкоски.

За предлогот за уставни измени со одложено дејство, посочува дека сите со кои разговарале во меѓународната заедница велат – фер, разумно, тоа е тоа, но оти Софија не прифаќа.

– Факт е дека состојбата кај нашиот источен сосед немањето се уште влада, стабилна влада, фактори на одлучување и сето тоа кое што е таму реалност го отежнува процесот и тогаш одлуката најчесто е – абе знаете Софија не го прифаќа тоа. И ние постојано аргументираме дека тој предлог не е спротивен на заклучоците, повторно ги кажуваме нашите аргументи за сето она кое што во минатото, за сето она кое што го очекуваме да ни се случи во иднината, како би можеле ние сега да им објасниме на нашите граѓани дека ќе го менуваме Уставот поради оваа причина, поради овој аргумент дека неколку стотини наши сограѓани коишто за себе велат дека се дел од бугарската заедница треба да влезат како конститутивен елемент, а десетици илјади наши сограѓани во минатото и стотици илјади Македонци во Бугарија не можат да основаат ниту невладина организација. Имаме 14 пресуди на Судот за човекови права во Стразбур, цитираме делови од Лисабонската декларација каде што јасно се ставаат до знаење кои се критериумите за отпочнување на преговори итн. Целиот тој процес е макотрпен, не е едноставен, вели Мицкоски.

Подготвен е во 2025 да се сретне со високи претставници на Софија, да разговара со нив каде било на оваа тема и да ги разгледаат сите можности, затоа што, како што посочи, потребно е и двете страни да се согласни.

– Но, истовремено по секоја цена нема да барам решение кое што дополнително ќе ни го отежне овој процес. Како прв човек на Владата – да, имам приоритет да почнеме преговори, да отвораме поглавја итн. итн., но, во секој договор мора да имаме јасен крај и предвидлив крај. Нема да дозволам бидејќи ова сега што од нас се бара оваа промена на Уставот е пречка само за почеток, ова не е пречка за крај. Затоа ние се обидуваме да го репроектираме почетокот да ни биде крај, подвлекува Мицкоски.

На 18 заминува за САД, каде ќе побара поддршка за евроинтеграциите и од стратешкиот парнер. Вели покрај Брисел, Вашингтон е исклучително значајно место за државата.

Апсолутно, заминувам во Соединетите Американски Држави на 18 јануари и таму ќе бидат предвидени многу средби, многу разговори и многу теми сакам да отворам и да затворам затоа што мислам дека покрај Брисел, Вашингтон е исклучително значајно место за нас како држава и за нас како Влада. Навистина ќе имам квалитетни средби од тоа што е досега договорено со водечките луѓе од администрацијата во Вашингтон и очекувам да го привлечам вниманието и со поинаква оптика да гледаат кон Балканот. Мораме прво регионално да го привлечеме вниманието, односно оптиката на Вашингтон да гледа кај нас како регион, не како единка во тој регион. Да, важна единка, природна раскрсница, срцето на Балканот, но сепак ако го гледаме Балканот како целина, како регион, тогаш низ оптиката на Вашингтон поубаво можеме да ги гледаме работите и сакам сето тоа да го презентирам таму кои се предностите коишто ние како мала, убава земја во срцето на Балканот ги нудиме, но и кои се предизвиците за регионот, наведува премиерот Христијан Мицкоски.

TAGGED:ЕУмицкоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (Видео) Северина пееше пред 55.000 луѓе во Сараево
Следна статија Објавени фотографии од 13-годишното момче убиено во масакрот во Цетиње: „Кој сега ќе ме насмее…“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за…

July 3, 2025
Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025

Имале секс на јавно место, па платиле казна од 10 000 евра

Двајца четириесетгодишни Египќани се казнети со…

July 5, 2025

Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е…

July 5, 2025

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

Три тони кокаин, кои на пазарот…

July 5, 2025

Заврши рехабилитацијата на Пониква за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Првата група од 45 повредени лица…

July 5, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

Убаво е кога се отвораат капитални проекти. Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката…

May 24, 2025
НАСЛОВНИПОЛИТИКА

Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја

Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски зема учество на есенската сесија на Парламентарното собрание на Совет…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Претходната влада го смени името за влез во НАТО и ЕУ и прифаќаше договори со цел криминалот да им биде простен

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вчерашната емисија „360 Степени“ вели дека се уште не сме земја членка на Европската…

January 28, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?