strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Мрежата за родов надзор алармира: Буџетот за 2025 година без родова перспектива
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мрежата за родов надзор алармира: Буџетот за 2025 година без родова перспектива
ЕКОНОМИЈА

Мрежата за родов надзор алармира: Буџетот за 2025 година без родова перспектива

Објавено November 23, 2024 12:17
strana.mk
Сподели
Сподели

Буџетот за 2025 година, кој се очекуваше да биде првиот со родова димензија, не целосно одговара на барањето на член 35 од новиот Закон за буџети, не вклучува сумарен преглед на родово буџетски изјави на корисниците на буџетот кои се регулирани во точка 2, потточка 5 како дел од буџетската документација и се доставуваат заедно со Предлог-буџетот.

Центарот за истражување и креирање политики, член на Меѓународното партнерство за буџети (организација која го подготвува Глобалниот индекс на отворен буџет), како и предводник на Мрежата за родов надзор на буџетирањето, укажува на тоа дека без јасна, транспарентно објавена и лесно разбирлива информација за средствата кои се алоцирани за родова еднаквост, Владата потфрла и во исполнувањето на индикаторот 5ц1 од целите за одржлив развој на Обединетите Нации.

Забелешките се однесуваат на:

  1. Намалени средства за политики за родова еднаквост
    Во услови на зголемени расходи за повеќето буџетски програми, средствата наменети за Програмата 8 „Родова еднаквост и недискриминација“ се намалени за значителни 41,5% во споредба со Буџетот и ребалансот за 2024 година. Ова значително ќе го ограничи спроведувањето на Стратегијата за родова еднаквост и намалувањето на родовите разлики.
  2. Недоволно дефинирани родови цели
    Иако член 31 од Законот за буџети бара секој буџетски корисник да идентификува најмалку една родова цел, само Собранието на Република С. Македонија, Секретаријатот за законодавство, Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади и Министерството за спорт го направиле тоа.
    Дури и кај овие институции, родовите цели се декларативни и не се поддржани со конкретни мерливи индикатори, освен во случајот на Министерството за спорт. Неверојатно е останатите буџетски корисници да не можеле да дефинираат родови цели затоа што ниту една област на делување не е родово неутрална.
  3. Недостаток на родови индикатори
    Во буџетот за 2025 година недостасуваат алатки за следење на напредокот во постигнувањето на родовите цели. Само две институции имаат полово поделени индикатори:
    • Министерството за здравство го постави индикаторот „Број на жени, кои користат бесплатни прегледи за време на бременост“, но очекуваниот број е намален од 300 (2024 година) на само 100 (2025 година). Ова значи дека бесплатниот пристап до превентивната и куративната заштита на жените во време на бременост се очекува да опадне, односно да биде достапна, бесплатно до помал број жени.
    • Министерството за спорт воведе нов индикатор за „Опфат на женски лица кои се занимаваат со спорт“, што е позитивен чекор, но е единствен меѓу институциите.

Мрежата за родов надзор на буџетот апелира до Собранието итно да го ревидира предложениот буџет за 2025 година. Потребно е:
• Да се зголемат средствата за спроведување на политики за родова еднаквост;
• Да се вклучат родови цели кај сите буџетски корисници, согласно член 31 од Законот за буџети;
• Да се воведат јасни и мерливи родови индикатори за следење на ефективноста на буџетските програми, исто согласно член 31 од Законот за буџети.

Недостатокот на овие мерки го доведува во прашање напредокот кон родовата еднаквост, но и директно може да влијае на апсорпцијата на средства од Европската Унија ако имаме предвид дека со Акцискиот план 3 за родова еднаквост ЕУ се обврза во надворешното финансирање (каде се вклучува финансирањето на земјите кандидати) 85% од средствата да бидат насочени за исполнување на родово одговорни цели. Владата мора да преземе одговорност и да овозможи јавните средства да се распределуваат на начин што придонесува кон затворање на главните јазови во еднаквоста помеѓу мажите и жените.

Иако, буџетот во 2025 година се очекуваше да биде првиот буџет каде системски се внесува родовата компонента, Мрежата за родов надзор на буџетот смета дека Владата пропушти да достави родов буџет во 2025 година.

TAGGED:родова еднаквостЦентарот за истражување и креирање политики
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Доделени наградите по повод Конкурсот за Денот на штедењето
Следна статија Зајкова: Твоја Сметка – Твои Пари! Со предлог-законот за платежни услуги застануваме на страната на граѓаните

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025
Костадинов: Судот пресуди дека водата за пиење во Струмица била чиста, питка и биохемиски исправна

Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го…

July 1, 2025

Ова се најтемпераментните хороскопски знаци

Некои хороскопски знаци се издвојуваат по…

July 3, 2025

Уапсен е моторциклистот кој усмрти пешак на „Ленинова“

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во…

July 3, 2025

УЖАС ВО ТЕТОВО: Силувани две малолетнички, едната ја принудувале на секс со други лица

МВР информира дека вчера во 15.30…

July 3, 2025

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ…

July 3, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Нефер трговските практики ќе се казнуваат со до 20.000 евра, Ристески најави строг мониторинг

Обновената Комисија за заштита на конкуренцијата од почетокот на годинава има овластување да казнува со високи парични казни за пронајдени…

January 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Проф. Петрески: Владата треба да направи стратегија за прилагодување кон американските царини

Економистот и универзитетски професор Марјан Петрески во гостување на ТВ „24“ рече дека е потребно Владата да разговара со претставници…

April 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димовски: Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во државава

Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во земјава со што очекувањата се дека вкупната инвестиција ќе биде…

June 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Струјата ќе поскапи, ама малку, до наредната пролет нема нова евтина тарифа за домаќинствата

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, денеска ги соопшти новите цени за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична…

December 2, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?