strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Народна банка: Економскиот раст 2,3 отсто, инфлацијата 3,5 проценти
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народна банка: Економскиот раст 2,3 отсто, инфлацијата 3,5 проценти
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Народна банка: Економскиот раст 2,3 отсто, инфлацијата 3,5 проценти

Објавено November 7, 2024 12:50
strana.mk
Сподели
Сподели

Забавување на инфлацијата и послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година во споредба со априлските согледувања, предвидува Народната банка. Според есенските макроекономски проекции, за оваа година економскиот раст е проектиран на 2,3 отсто, а за наредната на 3,3 проценти. На среден рок, оцените за растот се непроменети. Во периодот 2026 ‒ 2027 година се очекува натамошно забрзување на растот, согласно очекувањата за поповолен надворешен амбиент и засилени инвестициски активности поврзани со подолгорочниот карактер на јавниот инфраструктурен циклус. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни.

Како што соопшти денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, најновите оценки го потврдуваат априлското согледување за просечна стапка на инфлација од 3,5 отсто во 2024 година, иако во последниот квартал се очекуваат одредени нагорни поместувања. За следната година се очекува стапка на инфлација од 2,5 процени што е мала нагорна ревизија во однос на април. На среден рок (2026 ‒ 2027) се очекува стабилизирање на нивото на околу 2 отсто при очекувано исцрпување на ефектите од надворешните ценовни шокови, закотвени инфлациски очекувања и отсуство на позначителни притисоци преку каналот на домашната побарувачка. Како ризици и натаму се сметаат цените на примарните производи, коишто се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори, како и домашните политики со кои се влијае врз агрегатната побарувачка во домашната економија.

-И натаму се очекува поволна и претежно стабилна надворешна позиција на економијата на среден рок. По суфицитот остварен во претходната година (0,4 отсто), оваа година се проценува умерен дефицит во тековната сметка од 2,1 процент од БДП, при стабилизирање на салдото во размената со стоки и услуги, како и нормализација на приватните трансфери, по високите нивоа достигнати во 2023 година. За преостанатиот период на проекцијата, 2025 ‒ 2027 година, е проектиран дефицит на тековните трансакции во просек од 2,2 отсто од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекуваат солидни нето-приливи во финансиската сметка, поддржани од директните инвестиции и задолжувањето на државата, со што девизните резерви и натаму ќе растат и ќе се задржат на ниво што е соодветно за задржување на стабилноста на домашната валута, истакна гувернерката, презентирајќи го најновиот квартален извештај во кој, рече, макроекономската слика за македонската економија не е значително променета во споредба со априлските проекции.

Според Ангеловска-Бежоска, банкарскиот систем и натаму ќе обезбедува солидна кредитна поддршка. До крајот на годинава се очекува кредитниот раст да биде стабилен и да изнесува 7,5 отсто.

– Се очекува раст и на среден рок, но малку поумерен и со просечна стапка од 7,2 отсто за периодот 2025 ‒ 2027 година, во услови на солидна капитална и ликвидноса позиција на банките. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, како главен извор на финансирање. На крајот на 2024 година, се очекува солиден годишен раст на депозитите од 7,9 проценти, а на среден рок за периодот од 2025 до 2027 година од околу 7,7 отсто, во просек, рече гувернерката.

Во согласност со закрепнувањето на светската економија и странската побарувачка, и натаму се очекува постепено забрзување на растот и на македонската економија.

-Во услови на значително забавување на домашната инфлација и поволен девизен пазар, но кога сѐ уште постојат ризици, Народната банка почна со претпазливо нормализирање на монетарната политика. Народната банка внимателно, на дневна основа, ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците коишто сѐ уште постојат и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност, заклучи Ангеловска-Бежоска.

TAGGED:Економски растинфлација
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија testblog
Следна статија Спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се набавува инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, информираат од Владата

Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информација за давање согласност…

May 13, 2025
Ина Многуфина: За некоја година ќе си гледаме на јутјуб како да си пуштиме сами инфузија, лани си отишле 2000 медицински сестри од државава

- Лани си отишле 2000 медицински сестри од државава. Секоја година си…

May 12, 2025

Парламентот во Бугарија одби воведување на еврото

Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова,…

May 14, 2025

Трансферот на Арнолд во Реал, сепак, нема да биде бесплатен, Ливерпул бара посебна компензација

Трент Александeр-Арнолд официјално минатата недела објави…

May 14, 2025

(Видео) Путин: Идиоти воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа…

May 14, 2025

Ова се првите финалисти на 69-то издание на Евровизија 2025

Во Базел се одржа првото полуфинале…

May 14, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Азески-Рокас: Приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели на евроинтегративниот процес на земјата

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска одржал работен состанок со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија,…

March 5, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Ќе растат сите плати во Македонија, а нема да растат функционерските плати

Ќе растат сите плати во Македонија, ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите. Тоа…

December 24, 2024
НАСЛОВНИХРОНИКА

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски,…

November 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

АХВ: Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Сто деведесет и два (192) вонредни надзори во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела…

December 6, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?