Кога размислувате за работи кои трошат многу електрична енергија во вашето домаќинство, овој минијатурен уред веројатно не ви паѓа на ум. Ако го оставите вашиот интернет рутер вклучен цел ден, тој ќе троши струја колку и фрижидер. Затоа, треба да внимавате на енергетската ефикасност на рутерот пред да го купите и да се уверите дека има најмала можна потрошувачка на енергија кога е вклучен и во режим на подготвеност.
Германската Федерална агенција за заштита на животната средина (UBA) тврди дека ова е особено важно доколку рутерот не може да се исклучи бидејќи ја користи и телефонската линија.
Поскапувањето на струјата стана едно од најважните економски прашања во последните години. Во многу земји, вклучително, цените на струјата драстично се зголемија поради голем број фактори, вклучително и глобалните енергетски кризи, промените во геополитиката и условите на енергетскиот пазар.
Овие ценовни промени не само што предизвикаа финансиски потешкотии за домаќинствата, туку имаа сериозно влијание и врз работењето на деловните субјекти, кои се соочија со повисоки оперативни трошоци.