Веста дека Новак Ѓоковиќ си најде нов тренер и дека во 2025 година ќе го тренира Енди Мареј, еден од неговите најголеми ривали, се појави како од ведро небо, како што и самиот потврди преку социјалните мрежи.
Новак Ѓоковиќ објави видео клип во кој има компилација од нивните дуели, додека самиот Мареј беше дел од „големата четворка“, односно во еден период успеа да се прикраде и да ја заземе првата позиција на АТП листата покрај Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Енди Мареј постигна голем успех, а сега ќе го тренира Новак Ѓоковиќ.
Еве зошто српскиот тенисер објави видео во кое го претставува „својот нов тренер“.
– Од момчиња игравме еден против друг, 25 години бевме големи ривали, се форсиравме надвор од нашите граници. Имавме некои од најголемите битки во нашиот спорт. Нè нарекоа менувачи на игри, преземачи на ризик и создавачи на историјата. Мислев дека нашата приказна е завршена, но ќе има последен чин. Време е еден од моите најголеми ривали да застане во мојот агол, тренерот Енди Мареј е добредојден – изјави Новак Ѓоковиќ.
He never liked retirement anyway. 🙌 pic.twitter.com/Ga4UlV2kQW
— Novak Djokovic (@DjokerNole) November 23, 2024