Во селото Јеловци кај Сумбуловац, општина Пале во Република Српска, пронајдено е закопано тело на маж. Според „Црна хроника“ пронајден е трупот на Александар Бата Томиќ.
„Тој е пронајден денеска во селото Јеловци. Откако беше убиен, телото му беше погребано“, открил извор од порталот „Црна хроника“.
За убиството е осомничен И.Д. кој наводно му должел пари на убиениот Томиќ.
Според изворите, Томиќ препродавал автомобили и наводно соработувал со осомничениот И.Д. кој, како што изјавил, не му ги исплатил парите.
„Дошол кај него И.Д., Томиќ го замолил да му даде пари или да му го врати автомобилот. Тогаш Томиќ влегол во автомобилот на И.Д., кој живее во Јеловци кај Сумбуловац. Најверојатно го возел таму, го убил, а потоа го закопал. додаде изворот.