strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно
СВЕТ

Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно

Објавено October 17, 2024 14:28
strana.mk
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европската унија треба да ја промени својата „воена стратегија“ во „мировна стратегија“ и повика на прекин на огнот и мировни преговори.

Во пресрет на работниот појадок, пред пратеничката група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, Орбан рече дека очекува Самитот на ЕУ да биде „тежок“ и дека го очекуваат неколку „битки“, пренесе МТИ.

Според него, првата „битка“ ќе се води за војната во Украина, а Орбан истакна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја закажал презентацијата на својот „План за победа“ на самитот.

„Сè уште не го знаеме тоа официјално, но слушнавме што рече тој вчера во украинскиот Парламент. Тоа е повеќе од страшно“, рече тој.

Орбан истакна дека тој е „понекогаш единствениот“ кој повикува на промена на воената стратегија, бидејќи ЕУ „моментално ја губи војната“.

Тој ја критикуваше стратегијата на ЕУ, велејќи дека европскиот блок „влезе во војната со лошо испланирана и лошо спроведена стратегија заснована на погрешни пресметки“.

„Очигледно ја губиме војната на фронтовите. Затоа ни е потребна промена. . .

Не мислам на повеќе војна или поопасно оружје, туку треба да ја замениме стратегијата на војна со стратегија на мир, а тоа значи прекин на огнот и мировни преговори“, рече Орбан.

Тој оцени дека вчерашните изјави на Зеленски во Собранието отишле во погрешна насока и затоа ги повика германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон да започнат преговори со Русите „за да се најде излез од оваа ситуација“.

Орбан, исто така, рече дека постои и „битка околу миграцијата“, додавајќи дека многумина сакаат да ги променат регулативите за миграција.

Тој го нарече „неприфатливо“ тоа што Унгарија е „критикувана за заштита на границите на ЕУ“.

Според него, сè поголем број земји-членки укажуваат на миграциска криза и затоа, како што рече, е потребна промена.

TAGGED:виктор орбан
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат
Следна статија Украина ќе влезе во НАТО, тоа беше одлучено во Вашингтон, кажа шефот на НАТО

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

Донесено е Решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил…

June 10, 2025
Европска агенција за лекови: Оземпик може да предизвика многу ретко нарушување поврзано со трајно губење на видот

Лековите за слабеење и дијабетес што содржат семаглутид, вклучувајќи го и добро…

June 10, 2025

Кои авио компании го користат моделот на Боинг што се урна во Индија?

Авионот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ на „Ер…

June 12, 2025

Мицкоски: Мотивите на владите на ДУИ и СДСМ беа попустливост кон Бугарија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во…

June 12, 2025

Киднапирана девојка во Струга, утрово се појавила во скопска болница

Рано утрово во 04.30 часот во…

June 12, 2025

Мицкоски: Груби кукавички избега, имаме индиции дека се наоѓа во регионот, мора да се соочи со правдата

Потерницата е испратена, и сега треба…

June 12, 2025

РАЗНО

СВЕТ

(Видео) Новиот човек на Трамп за Блискиот Исток, е свекорот на неговата ќерка Тифани

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неделата објави дека либанско-американскиот бизнисмен Масад Булос ќе биде висок советник за арапски и…

December 2, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Победа на либералите во Канада: Америка никогаш нема да владее со нас

Либералите на премиерот Марк Карни победија на изборите во Канада, но не успеаја да го освојат мнозинството што требаше да…

April 29, 2025
СВЕТ

Мигрантите на кои нема да им даде азил Британија сака да ги испраќа на Балканот

Велика Британија размислува да испрати бегалци одбиени за азил во балканските земји. Како што наведува „Тајмс“, повикувајќи се на извори,…

March 24, 2025
СВЕТ

Орбан: Влезот на Украина во НАТО не е на дневен ред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска по средбата со неговиот словачки колега, Роберт Фицо, во Братислава изјави дека влезот на Украина…

January 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?