strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Палчо обвинува: Телефонската анализа е фалсификувана во ОЈО Скопје
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Палчо обвинува: Телефонската анализа е фалсификувана во ОЈО Скопје
ХРОНИКА

Палчо обвинува: Телефонската анализа е фалсификувана во ОЈО Скопје

Објавено February 14, 2025 17:03
strana.mk
Сподели
Сподели

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски продолжи денеска со изнесување докази од обвинението. Обвинителите посочија дека на одбраната ѝ доставиле фотодокументација во хартиена форма, која на предминатото рочиште одбраната ја имаше само во електронска форма

.Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо побара да се прикажат два доказа. Еден од Велес, од 29.11.2023, кој беше спомнат во сведочењето на началникот од Велес Ристе Самарџиев. Се работи за материјал од бензинската пумпа „Макпетрол“ на улицата Димитар Влахов во Велес.Палевски побара од Основниот суд Велес да се побара видеоматеријал и од бензинската пумпа „Лукоил“ на улицата Димитар Влахов.

Овој доказ беше спомнат во сведочењето на Музафер Каришиќ, а беше во врска со исказ на обвинетиот Влатко Кешишев.Судијата Ивица Стефановски му укажа на Палевски дека на рочиштето се изведуваат само доказите кои се предложени од Обвинителството.–

Барам изземање на тројца јавни обвинители, согласно член 33 став 2, за пристрасност. Му предочувам на Судот овојпат друга околност, повторно злоупотреба на јавнообвинителски овластувања. Барам изземање на Гаврил Бубевски, Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојкова Димитриевска. Бубевски на минатото барање одлучуваше самиот за себе. Барам да се одлучува по закон. Причини за моето барање за изземање се фалсификување податоци за да можат да изработат фалсификуван доказ, телефонска анализа од 13.05.2024 година, со цел нивниот сведок Ерол Османи под заклетва пред Судот да лаже, изнесувајќи невистинити факти. Потписник и бришач на доказите е истражителот Златко Никовски. Анализата е без денот 28.11.2023, за да може сведокот Ерол Османи комотно да лаже – рече Палевски.

Тој рече дека имало 6 фалсификувани докази.– Прв доказ е извештај од комуникации на мојот мобилен и базните станици за периодот од 10.11.2023 до 10.12.2023. Во овој извештај на страна 36 каде се податоците за базни станици за критичното време, на денот кога е убиен Панче Жежовски, полињата за податоци за базни станици се празни. Во истиот извештај на Телеком, на страна 39 има податоци за 28.11.2023. Од 11 до 23 часат нема податоци за базни станици, тие полиња се празни. Постои комуникација, но со празно поле за податоци за базни станици, поточно, каде е телефонот во моментот на таа комуникација? Ова се докази на ОЈО Скопје.

Доказ број 3 е на Одделението за криминална анализа која изготвила 35 табели во кои податоците од Телеком се систематизирани и на 11.03.2024 се доставени до ОЈО Скопје. Една табела на Единицата за криминалистичко разузнавање, со ознака Прилог 21, број 076606… кој го користела Вања, и сите базни станици и комуникации во периодот од последните 3 месеци. Десетина страни со над 2.800 податоци. Доказ број 4, табела од Единицата за криминалистичко разузнавање, за телефонот, 071411…, на Палевски, која има една страна, со празни полиња и 0 податоци за телефонот на Палевски. Зошто за овој број се бришени и манипулирани податоци, зошто мојот телефон е проблем на ОЈО? – праша Палевски.

Тој наведе дека Ерол Османи сведочел дека сервисот на неговиот котел Палевски не го правел на 22.11.2023, туку на 28.11.2023 година, ден кој не е заведен во телефонската анализа.– Сведочеше дека на 28.11.2023 сум му пратил порака „Подобар сум, доаѓам“, па изјави дека за 30-40 минути сум пристигнал во неговиот дом, во 12.20 часот. Одговори дека сервисот траел еден час. Телефонската анализа е правена во мај 2024, и ја има во обвинителниот акт од 31 мај 2024 и не предвиделе дека по мојата екстрадиција ќе го отклучам мојот телефон за да биде вештачен. Вештачењето е правено во дигитална форензика во јули 2024. Го предлагам доказот број 5, слика број 3092, комуникација со Зоран Кицевски Сиднеј Австралија, во 12 часот на 28.11.2023, токму во времето кога според сведокот Османи возам кон Бутел. Има пораки за Зора да се вклучи во поткастот.

Има комуникација и со Јордан Бопков, кој на 28.11.2023 во 12 ми ѕвони на Телеграм, имам пропуштен повик, и јас во 12.30 му праќам порака, во живо сум. Во 12.40 добивам порака „Палчо, твојот глас послабо се слуша од гласот на Зоран“. Зошто се бришени и манипулирани моите базни станици на 28.11.2023, после поткастот? Во тој момент во 14 часот јас сум во насока кон Автокоманда, во сообраќајна гужва. Потоа има комуникација со мојата ќерка, дека во 14.45, после поткастот, праќам порака, „Доцнам 5 минути“ и одговор „Нема гајле, само пиши кога ќе бидеш доле“. За оваа комуникација користам 5Г интернет – рече Палевски кој тврди дека оваа комуникација ја нема во извештајот.Тој вели дека откако се вратил со ќерка си, бил во штабот. Палевски понуди докази дека се подготвувал за вториот поткаст во истиот ден и скриншот, слика дека поткастот во живо го гледаат неколку стотици лица.–

Телефонската анализа е фалсификувана во ОЈО Скопје. За сведокот да сведочи дека сервисот не е правен на 22.11, туку на 28.11, морало да се избришат сите комуникации од базните станици, морало да се изземат тие податоци за двата дена, 22.11 и 28.11.2023. Секој кој е заинтересиран може да утврди дека на Јутјуб каналот Трета политика, од 12 до 14 часот, за кој сведочеше Османи дека поправам котел, јас сум бил во живо – рече Палевски.

Според доказите кои ги презентираше обвинителката, планот на Палевски бил од Турција, преку Белорусија, да замине за Русија. На 2 декември додека е Палевски во Турција му се јавува на домакинот Хусеин и му вели резервирав лет за Минск, Белорусија. На 5 декември додека сѐ уште е во Турција му праќа вибер порака на извесен Драган, во која му вели дека ќе доаѓа во Москва, и бара да му обезбеди превоз од Аеродром.

Претходно, на 27 ноември, денот на киднапирање на Вања, во 8 часот и 3 минути Палчо ѕвони на турски број и повикот трае 9 секунди. Првиот повик на истиот ден го има во 10 часот и 45 минути, кога извсен Геге му се јавува и го вика на кафе, на што Палевски одговара дека не може, многу е уморен

Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Со метален предмет добила закани од сопругот
Следна статија Зеленски во Минхен рече дека Украина е подготвена за вистински разговори

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За џабе се трошат пари за скрининзи за рана детекција на рак на дојка и на грло на матка- Резулатите многу доцнат или ги нема

Како на време да се открие рак на дојка или на грло…

July 14, 2025
Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија

Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ…

July 14, 2025

Софија Вергара е бомба, а погледнете ја нејзината помлада сестра: Убавата Колумбијка повеќе не е „во сенка“

Сите знаете како изгледа Софија Вергара…

July 15, 2025

Митева: Поразот на СДС на локалните избори ќе им биде показател за потребната реформа и реорганизација

На телевизија Алфа во емисијата „За…

July 15, 2025

Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Скопје

На 14.07.2025 во 16.20 часот во…

July 15, 2025

Активни четири пожари, изгаснати 15, информира ЦУК

До 18 часот, евидентирани се вкупно…

July 15, 2025

РАЗНО

НАСЛОВНИХРОНИКА

Прифатени барањата на Обвинителството за новосомничените за пожарот во Кочани, притвор од 30 дена за четири лица, домашен притвор за шест

Основниот суд Кочани денеска ги прифати предложените мерки за новосомничените лица во проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ што…

April 13, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената

На 17.05.2025 во 18.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ќ.(33) од Скопје. тој се сомничи…

May 18, 2025
ХРОНИКА

Денеска на Плаошник ќе биде погребан Владиката Тимотеј

Денеска ќе биде погребан митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, кој почина неодамна поради здравствени проблеми. Погребот ќе се одржи на Плаошник…

November 28, 2024
ХРОНИКА

Автомобил вечерва излета во Вардар

Возило излета во реката Вардар во селото Челопек, пренесува ТВ21. Екипите за спасување се на терен. Тие се обидуваат да го…

April 3, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?