strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности
ЗДРАВЈЕ

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Објавено December 6, 2024 14:22
strana.mk
Сподели
Сподели

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија? Дали стекнатите сознанија и искуства за здравствена заштита базирана на вредности можат да се применат во државата?

На овие прашања на конференцијата „Улогата на здравствената заштита базирана на вредности и тестирањата на биомаркери во модерната онкологија“ дебатираа претставници на здравствените власти, онколози, патолози, голем број експерти и пациенти. Беа одржани и предавања од еминентни доктори и истражувачи од Италија, Велика Британија и Словенија, кои ги изнесоа своите искуства во однос на примената на моделот на здравствената заштита базирана на вредност каде што во центарот се става пациентот.


Конференцијата беше организирана од МАНУ – Истражувачки центар за генетско инженерство, МАРО – Македонско здружение за радиотерапија и онкологија, Македонско здружение за патологија и Рош Македонија. Рош е една од најголемите светски фармацевтски компании и глобален снабдувач на иновативни решенија за најголем број болести. Симбол на конференцијата беше рубиковата коцка, со што се испрати порака до сите чинители во здравствениот систем – „коцката е фрлена, да размислиме како да дејствуваме во најголем интерес за пациентите и здравствениот систем!“

Во 2023 година, како што изнесе Акад. проф. д-р Александар Димовски од Македонската академија на науките и уметностите, во Македонија имало над 5 000 нови онколошки пациенти. Оттаму, на конференцијата се наметна прашањето за улогата и принципите на здравствената заштита базирана на вредности и нејзината применливост, како и за сите предизвици пред кои е застаната земјава во однос на ова прашање.

„Со здравствена заштита базирана на вредности фокусот се става на пациентот, на корисникот на услугата. Прашање на време е кога овој систем ќе се имплементира и кај нас, оти нашиот систем е финансиски неодржлив, но и човечки неодржлив, и за пациентите и за давателите на услуги. Со овој модел се гледа целиот пат на пациентот. Не е исто ако пациентот три пати се враќа на клиника, или ако работоспособноста ја сметате кај 30-годишен или кај 75-годишен човек. Едноставно, различно се постапува и пристапува. Не може патеката да ја гледате ако не седнат сите заедно, само тогаш ќе може да се види исходот“, рече проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет во Скопје.

Доц. д-р Игор Николов, советник за здравство на премиерот, ги потенцираше клучните проблеми во здравствениот систем кои мора да се надминат за да може да се воспостави здравствена заштита базирана на вредности.

„Ние во овој период на пост-ковид епидемија, живееме во епидемија на незаразни болести, а доминираат онколошките заболувања. Затоа ни е потребна вистинска анализа и вистински вредности, активности базирани на реални, точни и прецизни податоци од редовно ажурирани регистри кои во земјава треба да ги подобриме, бидејќи тоа ќе помогне во грижата за онколошките пациенти. Зголемувањето на онколошката грижа би се одвивала во процес на децентрализација, бидејќи сведоци сме дека сѐ е централизирано, пациентите се насочуваат на едно место и тоа прави проблеми на системот. Со процесите на дисперзија ќе се придонесе онколошката грижа да се подобри во значителна мерка“, рече д-р Николов.

Тој додаде дека во моментов се прават планови и стратегии за онколошка грижа и дека е потребен Национален план за третман на онколошки пациенти.

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, исто така се осврна на клучните проблеми при имплементацијата на здравствена заштита базирана на вредности: непостоење на регистар и стручна комисија, со цел на исто место да бидат сите податоци за онколошките пациенти за да можат да бидат мерливи.

„Имаме стручна комисија за малигни заболувања, но таа, според мои сознанија, не функционира. Таа треба да донесе еден мултидисциплинарен пристап кон онколошките пациенти. Сметам дека стручната комисија треба да профункционира како прв чекор во овој систем. Регистарот, исто така мора да функционира. Мора да знаеме точно колку пациенти имаме“, рече Клековски.

Милан Мишковиќ, претседател на Националната алијанса на пациентски организации во сегментот на здравствената заштита базирана на вредности се осврна на раната дијагностика, превенцијата и подигнување на свесноста.

„Важно е да се размисли како да стигнеме до еден модел каде што можеме да помогнеме на онколошките пациенти. Без рана дијагностика тоа многу тешко ќе го постигнеме. Она што го приметувам кај нас е дека имаме зачетоци на многу работи, но не се завршуваат до крај. Оттаму е прашањето што точно треба да реорганизираме за пациентот навистина да биде во центарот? Ние пациентите мора да добиеме дијагностика, потоа терапија и процедура која треба да се одвива во следниот период. Нам ни требаат целисходни програми каде што ние заедно, мултидисциплинарно, ќе работиме на повеќеслојно ангажирање на повеќе нивоа, за да добиеме структура која што ги раслои предизвиците и за крај, да процесираме одредени програми. Она што сакам да го видам е ентузијазмот, сето ова да се креира во вредност која ќе биде во полза на пациентите“, рече Мишковиќ.

Акад. проф. д-р Александар Димовски, надоврзувајќи се на ова, заклучи: „Пациентот е центарот на здравствената заштита базирана на вредности, вклучително и на идни модели кои би ја подобриле онколошката грижа“.

TAGGED:александар димовскиалександра гроздановаигор николовконференцијамануонколошка грижасашо клековски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Палки, молотови коктели, пиротехника: Кај грузиските „шарени“ пронајден цел арсенал оружје
Следна статија Работодавачите и работниците да се усогласат околу минималната плата, Владата ќе прифати, вели Мицкоски

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот лек за рак покажува одлични резултати – „Изненадена сум што сум жива“

Стотици илјади луѓе со напреднат рак на главата и вратот би можеле…

June 17, 2025
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се…

June 15, 2025

До 10 јули треба да бидат пуштени првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека…

June 17, 2025

Премиерот на бугарската „слаткоречивост“ не ѝ верува

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба…

June 17, 2025

Маск ги објави резултатите од тестот за дрога

Американскиот мултимилијардер Илон Маск на социјалната…

June 17, 2025

Дебакл на економските политики на власта: Македонија на дното на Европа, велат од СДСМ

„Согласно последните податоци на Евростат, Македонија…

June 17, 2025

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство

Во Фондот за здравствено осигурување денеска се одржала средба со дел од членовите на новиот состав на Првостепената комисија за…

April 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во земјава се зголемува бројот на деца со низок раст

Претседателот на здружението на граѓани „Раст“, Aлександар Петковски информира дека за жал степенот на дијагностицирани деца со низок раст во…

November 25, 2024
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Годишно меѓу 120 и 150 пациентки болни од рак на дојка ќе може да се оперираат на товар на Фондот на Клиниката за пластична хирургија

Предвиден е заеднички буџет за Клиниката за торакална хирургија и Клиниката за пластична хирургија и годишно од 12 до 150…

March 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клиничката болница во Штип останува приоритет на Владата, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицксоки нагласи дека Владата не се откажува од довршувањето на изградбата на Клиничката болница во Штип и таа…

January 8, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?