strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Пет години членство на Македонија во НАТО
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пет години членство на Македонија во НАТО
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Пет години членство на Македонија во НАТО

Објавено March 27, 2025 08:19
strana.mk
Сподели
Сподели

Република Македонија денеска одбележува пет години од зачленувањето во НАТО откако на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка на Алијансата. Со тоа, земјата реализираше една од нејзините стратешки цели која е зацртана и во Резолуцијата што Собранието ја усвои во 1993 година. 

По повод петгодишнината денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата. Според агендата, на почетокот на настанот ќе се обрати министерот Муцунски по што ќе следи затворена дискусија.

Определбата за евроатлантско интегрирање датира уште од 1993 година, кога Собранието ја усвои Резолуцијата во која беа дефинирани надворешно политичките приоритети на државата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ.

На 15 ноември 1995 година државата го потпиша Рамковниот документ за пристапување кон програмата „Партнерство за мир“, а на 14 јуни 1996 година беше отворена Канцеларија за врски. Во април 1999 година на Самитот на НАТО во Вашингтон, тогашна Република Македонија се стекна со статус на земја-кандидат за членство во Алијансата, по што отпочна подготовката и реализацијата на Акцискиот план за членство.

Во финалната Декларација од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, Алијансата донесе одлука дека земјата треба да добие покана за членство по решавањето на спорот за името со Грција.

Во рамки на декларациите на следните самити на НАТО (Лисабон 2010, Чикаго 2012, Велс 2014 и Варшава 2016), беше повторена формулацијата од Букурешт дека Алијансата ќе упати покана за членство во НАТО веднаш по постигнувањето на взаемно прифатливо решение за името во рамки на ОН.

На Самитот на НАТО во Брисел, 11-12 јули 2018 година Северноатлантскиот совет, на состанок на ниво на шефови на држави и влади, донесе одлука да ја покани Република Македонија да ги започне пристапните разговори за членство во Алијансата.

На 1 август 2018 година тогашниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг упати писмо до тогашниот министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, заедно со Планот за спроведување на процесот на пристапување во НАТО.

На 18 и 19 октомври 2018 година, на состанокот одржан во седиштето на НАТО во Брисел земјава успешно ги заврши пристапните разговори за членство. На 21 јануари 2019 година, министерот за надворешни работи упати писмо до генералниот секретар на НАТО во кое беше изразена подготвеноста и способноста на земјата да ги прифати и почитува обврските и заложбите за членство во НАТО, содржани во Вашингтонскиот договор и Студијата за проширување на НАТО од 1995 година, како и желбата за добивање на покана за пристапување кон НАТО.

На 6 февруари 2019 година, во седиштето на НАТО во Брисел, претставниците на 29 земји – членки на Алијансата во присуство на тогашниот генерален секретар на НАТО и поранешниот министер за надворешни работи го потпишаа Пристапниот протокол за членство на Република Македонија во Алијансата.

По свечената церемонија во Брисел, започна постапката за ратификација на Пристапниот протокол од страна на сите 29 земји членки на Алијансата. Процедурата за ратификација на Пристапниот протокол беше финализирана на 19 март 2020 година, кога амбасадорот на Кралството Шпанија во Вашингтон, го предаде инструментот за ратификација на Вашингтонскиот договор, со што се заокружи третата и последна фаза од пристапниот процес.

Со цел непречено одвивање на процесот на интеграција на земјата во НАТО, Собранието на 11 февруари 2020 година, едногласно го ратификуваше Северноатлантскиот договор, по што, на 20 март 2020 година, следеше и потпишување на инструментот за ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на претседателот на државата.

На 27 март 2020 година, преку македонската Амбасада во Вашингтон, во Стејт Департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што земјава и официјално стана триесетта земја членка на Алијансата.

TAGGED:македонијаНАТО
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Народна банка: Нето надворешниот долг на земјата изнесува 4.630 милиони евра
Следна статија Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони во САД

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во повеќе градови почнува бесплатен скрининг за детектирање на болести на црниот дроб

Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и…

July 28, 2025
Нова студија открива: Дали стевиата може да се користи како лек за рак?

Според ново истражување, растителна замена за шеќер - стевиа, би можела да…

July 27, 2025

Мицкоски: Оваа Влада покажува дека може да се води државата со стабилни финансии, растечки плати, поддршка на економијата и дијалог

Оваа Влада има јасна слика за…

July 30, 2025

Цената на парното останува иста

Не се менува цената на топлинската…

July 30, 2025

Носи 3,4 тони вода: Со чешкиот „Блек Хок“ од 70 милиони долари се гаснат пожарите во Македонија

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка веќе е…

July 30, 2025

Скопјанецот кој совлада терорист на летот Лондон-Глазгов, не се смета себеси за херој

Храбрата и брза реакција на скопјанецот…

July 30, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки

Мобилен тим на Царинската управа спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа таблети Jardiance од 25 мг…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе биде отворена сметка за донации за Кочани, денеска ќе се знае како помошта ќе биде канализирана

Ќе биде отворена сметка за донации по трагичната несреќа во Кочани. По денешниот состанок во Владата, како што изјави денеска…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Суспензија за полицаецот во Шутка кој го пренел телефонот до Васил Јованов, само денеска се одземени 70 мобилни

Суспендиран е затворскиот полицаец, којшто го пренел телефонот до Васил Јованов во притворското оделение во Шутка, но истрагата нема да…

February 3, 2025
НАСЛОВНИХРОНИКА

„Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме“, испратил порака таткото на Вања на нејзиниот телефон

Таткото на Вања и Гоце Трајковски започнале со прибирање на снимки од безбедносни камери на 29 ноември, кажа денеска Ѓорчевски…

April 14, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?