Познатата српска актерка Слобода Мичаловиќ вчера во 18 часот и 50 минути била физички нападната од 47-годишната С.Д..
Како што неофицијално објави српски Телеграф, кај С.Д. по пристигнувањето на полицијата било утврдено присуство на алкохол во крвта.
Како што пишуваат српските медиуми, тепачката се случила на плоштад во Земун.
Актерката наводно управувала со возило и кога тргнала напред, со предниот дел од автомобилот удрила во случајниот минувач С.Д. во пределот на коленото, што довело до вербален, а потоа и физички конфликт.
Актерката потоа била префрлена во Ургентниот центар.