strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Потсетување до младите истражувачи: Крајниот рок за пријавување трудови за Годишната награда на Народната банка е 1 февруари
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Потсетување до младите истражувачи: Крајниот рок за пријавување трудови за Годишната награда на Народната банка е 1 февруари
ЕКОНОМИЈА

Потсетување до младите истражувачи: Крајниот рок за пријавување трудови за Годишната награда на Народната банка е 1 февруари

Објавено November 11, 2024 17:40
strana.mk
Сподели
Сподели

Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е распишан Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за 2025 година е 1 февруари 2025 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, во согласност со условите и критериумите на јавниот повик. 

Право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35 години, кои не се вработени во Народната банка и не се членови на Советот. Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со труд што веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2023 година. Трудовите се поднесуваат до Народната банка по електронски пат на е-адресата: konkurs@nbrm.mk .

Годишната награда на Народната банка за прворангираниот труд изнесува 130.000,00 денари. Но, доколку Одборот за оценување процени дека второрангираниот труд е исто така со квалитет близок до прворангираниот, Народната банка може да додели и втора награда, во износ од 65.000,00 денари. По оцена на Одборот, може да биде доделена и само втора награда или воопшто да не биде доделена Годишната награда, доколку се утврди дека ниеден од трудовите не ги исполнува потребните услови.

Низ годините, Народната банка постојано ја поттикнува научноистражувачката мисла во областа на макроекономијата и банкарството. Покрај Клубот на истражувачите, каде што истражувачите имаат можност да ги презентираат своите трудови, Годишната награда за млади истражувачи е дополнителна алатка на централната банка за мотивирање на младата популација за унапредување и развој на истражувачката и аналитичката работа во областа на економијата.   

TAGGED:млади истражувачинародна банка
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Сè додека сум премиер проблемите ќе се решаваат
Следна статија (ВИДЕО) Заедничка акција на Царината и МВР: Спречено криумчарење на два килограми кокаин на Меѓународен Аеродром Скопје

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонредна е состојбата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени

Вонредна е состојбата во Општата болница со проширена дејност во Кочани по…

May 16, 2025
Педесет нови случаи на грип во државава

Во текот на 19. недела од 2025 година – од 5 до…

May 15, 2025

Германскиот министер за одбрана им се закани на граѓаните со задолжителен воен рок

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус…

May 18, 2025

(Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна…

May 18, 2025

Национални шуми превентивно расчистуваат терени и прават обрачи против пожари

Вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“…

May 18, 2025

Урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Македонските урбани моторџии по десетти пат…

May 18, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Земјоделците годинава ќе добијат 120 милиони евра за директни плаќања

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали оваа година се планираат директни…

January 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион

Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Тие се…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зајкова: Твоја Сметка – Твои Пари! Со предлог-законот за платежни услуги застануваме на страната на граѓаните

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка, Моника Зајкова, повикува на детално разгледување и поскоро носење на предлог - законот за…

November 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Уште еден месец за исплата на К-15, казните за работодавците до 3.000 евра

Компаниите и јавниот сектор до крајот на месецов имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени.…

December 7, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?